- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.162
- Поени од реакции
- 1.324
09.06.2010 10:02
Српскиот државјанин Сретко Калиниќ осуден на 30 години затвор поради убиство на српскиот Премиер Зоран Ѓинѓиќ, е уапсен во Загреб откако бил ранет од Милош Симовиќ, осуден за истиот случај. Некогашниот припадник на Земунскиот клан, Калиниќ бил пронајден застрелан во предградие на Загреб.
Според хрватската полиција, тој најверојатно бил повреден по пресметката со припадници на српското подземје околу поделбата на пленот. На местото на инцидентот пронајдени се торби и огнено оружје.
Калиниќ го пронашол случаен минувач и ја алармирал полицијата. Веднаш е пренесен во болница, каде му е укажана лекарска помош и е надвор од животна опасност.
Во распитот пред полицијата изјавил дека во него пукал неговиот доскорешен другар Милош Симовиќ. Открил и каде се наоѓаат другите членови на Земунскиот клан кои се во бегство и каде се крие „кралот на кокаинот“, Дарко Шариќ.
„Во текот на ноќта извршени се претреси во неколку станови каде би можеле да се кријат членовите на Земунскиот клан кои што се во бегство.
-Мислам дека во текот на денешниот ден, Милош Симовиќ ќе биде уапсен“, изјави Милорад Вељовиќ, директор на полицијата на Србија
Зоран Ѓинѓиќ
Припадникот на Земунскиот клан, во бегство, Сретко Калиниќ, важеше за еден од најсуровите припадници на оваа криминална група.
Во атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ, тој го обезбедувал извршувањето на злосторството но, не бил директно во просторијата од каде Ѕвездан Јовановиќ пукал на Премиерот.
По бегството од Србија во 2003-та година, долго се шпекулираше дека се крие во родната Хрватска.
Освен за убиството на Ѓинѓиќ, Калиниќ во отсуство е осуден и на 40 години затвор поради учество во 19 убиства, три грабнувања и две терористички акции. На потерницата на Интерпол се наоѓа веќе седум години.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124045