Во Охрид и Крушево ќе се градат затворени базени

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
Веста е старо нова, со оглед дека иницијативата на младите од Охрид почна во 2010 со собирање потписи.

Па се среди летово отворениот базен на СРЦ Билјанини Извори, а најавата за затворен остана со пролонгирање на рокот за лето 2012.
Освен Охрид и Крушево, за другите 7 базени информацијата испарила.Или се планирани најверојатно за понатака, а првите два за градба се набројаниве.Би требало и во Струга да изградат.

Охрид ќе добие затворен базен
icon_at_textsize.gif

Во средината на наредната година како дел од проектот “Изградба на 9 пливачки базени”, на Агенцијата за млади и спорт, Охрид и Крушево ќе добијат затворени 25 - метарски базени.

DSCN0167beazn.jpg
Владата на РМ на последната седница ја разгледуваше информацијата и акциониот план според кој ќе бидат изградени двата затворени базени согласно стандардите на ФИНА соодветни за ватерполо и пливање.

DSCN0172bazen400.jpg
Изградбата на затворениот базен уште во Август ја потврди охридскиот градоначалник кој при пуштањето на отворениот базен при “СРЦ Атина Бојаџи“ рече: - Идејата за покриен базен со Агнецијата за Млади и Спорт останува, нивниот план е да изградат неколку покриени базени во Македонија, а токму првиот е планиран да се отвори во Охрид. Еден од условите кои АМС ги бараше беше да биде базенот на нова локација, таа ќе биде на просторот меѓу спортската сала и Булеварот Туристичка - истакна градоначалникот на Охрид , Александар Петрески.

Ohridnews

17.11.2011 20:31

Прочитана е : 222 пати

© 2011 Ohridnews.com

 
Слабо е 25м, треба 50 за произведување пливачи :D
 

Валда или некој си поигрува со ова или некој си прај со умот бајрам. Истиот базент е тој што треба да го прават во Прилеп. Затворениот базент во Прилеп кој треба да се гради црпи докази од ТУКА !

БОНУС:
кога сме кај планираните објекти, центарот на Прилеп до другата година би требало да изгледа вака. Почнат е да се гради најпрво со менување на плочките :)

 
Валда или некој си поигрува со ова или некој си прај со умот бајрам. Истиот базент е тој што треба да го прават во Прилеп. Затворениот базент во Прилеп кој треба да се гради црпи докази од ТУКА !

БОНУС:
кога сме кај планираните објекти, центарот на Прилеп до другата година би требало да изгледа вака. Почнат е да се гради најпрво со менување на плочките :)

1.Без паника, девет БАЗЕНИ се.Во линкот од мојот пост пишеше дека проектот е на Агенцијата за млади и спорт, така да ДЕВЕТТЕ БАЗЕНИ ќе бидат во Охрид, Крушево и уште на 7 локации.Ете едната од нив била Прилеп, а базените се сите исти шаблон.Без паника, ќе стигните и вие на ред.(y)
2.За плоштадот бев пред 10 дена и не приметив менување на плочки од страната кај реклами :confused: А ептен некако чуден проектов со трамваи, Гоце Делчев булеварот со зелен остров на средина...Не знам кај им е и логиката да одземат од паркинг просторот за зелен остров (екстра гужва), ама ај да не бегаме оф - топик.
--- надополнето: Nov 18, 2011 12:32 AM ---
Би требало и во Струга да изградат.

Види ги ти нив, одма ме послушале :pos:

Четврток, 17 Ноември 2011 09:02
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Во Охрид и Крушево ќе се градат нови базени, кои се дел од проектот „Изградба на девет пливачки базени” на Агенцијата за млади и спорт.
Владата на вчерашната владина седница ја разгледa информацијата за овој акциски план подготвен од Агенцијата за млади и спорт за спроведување на активностите за неколкугодишната изградба на два 25-метарски затворени базени и најверојатно нивната реализација ќе започне во средината на 2012 година.
Затворените базени ќе бидат изградени соодветно стандардите на ФИНА и ќе бидат наменети за ватерполо и пливање.
Изградбата на пливачки базени кои досега беа само проект, наскоро ќе станат реалност. Во програмата е ставено и реновирањето на базенот во Струга, кој е запоставен повеќе години и заслужува реконструкција.
Базенот во Охрид треба да биде лоциран во спортскиот комплекс Билјанини Извори, а за крушевчани ова ќе биде прв базен.

--- надополнето: Nov 18, 2011 12:58 AM ---
Веста е старо нова, со оглед дека иницијативата на младите од Охрид почна во 2010 со собирање потписи.
Па се среди летово отворениот базен на СРЦ Билјанини Извори,

Отворениот базен во фазата на реновирање

D5C09A08-C7CF-415C-BF8B-188616C92B32_mw800.jpg


3E3877F0-6DA6-45B4-AD61-038A137DD7E0_mw800_s.jpg

На отворањето
7BC440797E621343A549EE7765702606.jpg


Состојба со единствениот затворен базен во Струга (изграден е 1981, во функција до 2002 година.Затворен е поради 'немање финансии за обезбедување греење во зима,а и спаѓал во непродуктивна дејност'.:tapp:
DSC09178.jpg
DSC09177.jpg

DSC09175.jpg

Освен Охрид, Крушево и реновирањето на базенот во Струга, другите места предвидени за градба на затворени базени се (уште од крајот на 2008-ма е најавата) :
- Куманово
- Битола
- Прилеп
- Гостивар
- Тетово
- Струмица
- Штип

Прочепкав по интернетов и најдов дека зградбата во Куманово е почната пред недела дена.Само некако многу долг период на градба ми е 18 месеци.
kumanovonews-logo.png



Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, денеска удрија камен темелник на затворениот базен кај Спортската сала Куманово. Базенот ќе биде со површина од 4000 метри квадратни, ќе чини 2.2 милиони евра, а треба да се изгради за 18 месеци.
bazen-kumanovo.JPG
Градоначалникот Дамјановски ја истакна важноста на изградбата на овој капитален објект, бидејќи спортистите и учениците кои тренираа пливање, досега заминуваа на базените во Скопје.

Оваа идеја локалната администрација ја работи 1,5 години, со подршка на Советот и сите политички субјеки во градот, по што ја изработивме целата документација. Се надевам дека по отварањето на овој базен, од нашиот град ќе произлезат новите шампиони во овој спорт, кој ќе го претставуваат градот и државата во светот - рече Дамјановски.
На присутните им се обрати и Црвенковски, кој упати честитки по повод празникот на градот 11 Ноември, и истакна дека Куманово од секогаш бил напреден и прогресивен град.

Во многу тежок период кога немате подршка од централната власт, со сопствени можности и сили, градите значајни објекти за своите граѓани. Гасификација, спортски сали, атлетски полигон, тоа се ваши успеси со кои имате право да се гордеете и да покажете на сите во Македонија дека можело ако домаќински се работи, да се гради и без кредити од странство - изјави Црвенковски.
На свеченост по повод отпочнувањето на изградбата на базенот во Куманово не присуствуваше опозицијата, а не дојдоа ни премиерот и министерот за транспорт и врски, кои градоначалникот ги поканил.
bazen-kumanovo-1.JPG
Пошто стана многу поопширна темава, модераторите можат да го менат името општо за пливачки базени во Македонија, па и во Спорт можат да ја префрлат.
 
Не паничев, туку овој проект кај нас со затворениве базенти е уште пред 3 години :)
Али еве уште се нема рреализирано. Иначе плочките 1/4 се смененти кај участаток, заедно со участакот. Тие беа готовои до пред 11 Октомври. Но пошо сеа е ладно, сеа се работи над подземниот паркинг, плочките и фонатата кај марко цепенков и трговскиот центар со паркинг гаража.
а тоа со островот, тие паркинзите тука се привремени додека не се направат катаната гаражата со трговски центар и подземната гаража. ЕДна гаража веќе има која собира многу мноуг коли. Тоа тука покрај булеварот е SHIT е и привремено :)
 
Не паничев, туку овој проект кај нас со затворениве базенти е уште пред 3 години :)
Али еве уште се нема рреализирано. Иначе плочките 1/4 се смененти кај участаток, заедно со участакот. Тие беа готовои до пред 11 Октомври. Но пошо сеа е ладно, сеа се работи над подземниот паркинг, плочките и фонатата кај марко цепенков и трговскиот центар со паркинг гаража.
а тоа со островот, тие паркинзите тука се привремени додека не се направат катаната гаражата со трговски центар и подземната гаража. ЕДна гаража веќе има која собира многу мноуг коли. Тоа тука покрај булеварот е SHIT е и привремено :)
Приметив дека участакот е реновиран, ама плочките не ги приметив.А кај им е планот за подземен паркинг, негде од под Марко Цепенков до под споменикот од Аце, од таа страна?
Од ко ги пикнаа комбињата за Десово и другите села во катната кај Автобуска, мораш да пазиш да не изгазиш 20 души дури паркираш,а супер е шо е ефтино за паркинг :D
 
Да друже, паркигот подземен ќе биди под Марко Цепенков. веже е турната вратата и ископан простор за влез, сеа валда уште да се реновира и да се намести добра потпора. Порано имало некој си простор голем таму под Марко цепенков за скривница колку што разбрав.Али скривница за земјотреси мислам. Појма немам ,важно има стабилно големо паркинг место. Значи тоа кога ќе биди готово, и трговскиот центар со катна гаража, мислам дек ќе имаат одовлно место на 3 различни локации во прилеп каде да се паркираат. Затоа ќе ги сечат послем тоа улиците таму, каде што има SHIT Привремени паркинзи. Едната катна веќе ја знаеш, е кај автобуската, другата катна со трговски центар е кај пазаро (веќе се кренати темелите), и другиот подземен паркинг ќе биди под Марко цепенков, што мислам се најдобрите 3 локации. А и не се оддалечени многу од центарот. 2 минути нели? :) А тоа со селаните што ги пикнаа во паркингот, за нас не е никаков проблем. Затоа што, прва работа. таму на никој не му пречат, а и втора работа, сеа в зима таму ветро ги отепа :)

п.с. Грдо ќе биде тоа што, колку што разбрав автобуската ќе ја преместуваат у пичку материн кај железничкана
 
Одлично на прв поглед НО ..... ?
Познато е дека Крушево веќе подолго време се соочува со проблем за снабдување на населението и угостителските капацитети со вода , за жал честа е појавата туристите во Крушево после скијање или други рекреативни активности непријатно се изненадени да неможат да се истушираат во угостителските капацитети во кои се сместени затоа што едноставно нема вода , ништо помала е нервозата кај граѓаните кои и покрај покачувањето на цената на водата и комуналните услуги за дури 25% од страна на актуелната локална власт често се без вода.Од тука како многу логично се поставува прашањето од каде се мисли да се обезбеди вода за потребите на покриениот 25 метарски базен кога и без него веќе има недостаток . ОДРЖЛИВОСТ при реализација на секој проект па и во случајот на изградба на затворен базен во Крушево како основно се поставува прашањето на одржливост на истиот односно како во иднина ќе се финансира одржувањето и функционирањето на еден ваков капацитет што подразбира големи трошоци (не случајно во моментот во Р.М вакови објекти вака или онака функционираат само во Скопје) , дали тоа ќе го прави локалната самоуправа ( која и сега неможе да ги финансира своите обврски ) или државата или се планира тој да функционира на комерцијална основа што е многу тешко во мало место со реално околу 3000 жители ( само како податок во Крушево годишно се раѓаат околу 10-15 деца ) или како што тоа кај нас обично се случува истиот да биде изграден и оставен да пропаѓа со текот на времето.Да потсетам дека во Крушево има затворен мал базен во Хотел Монтана но тој не функционира со години затоа што едноставно е комерцијално неисплатливо.
Целта немие да критикувам туку да го изнесам мојот став дека едноставно за Крушево таа е погрешна односно треба да се финансира во нешто што “пија„ вода како пример гондола како на Водно или нешто слично што реално ќе има ефект и потик врз понатамошниот развој на Крушево како туристички центар
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom