Во кој правец се движи јавното здравство?

  • Креатор на темата Креатор на темата jon
  • Време на започнување Време на започнување

jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0
НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА
Три бебиња го загубиле видот во неисправните инкубатори

Три бебиња минатата недела биле третирани во позната референтна клиника во Истанбул за да им се врати видот што го загубиле како последица на ретинопатијата или оштетувањето на очите што се јавува кај предвреме родени бебиња, најчесто како последица на преголемото дозирање со кислород. Сите бебиња биле третирани на Клиниката за гинекологија во Скопје. Причината за состојбата, според родителите, е несоодветно ракување со апаратите за кислород и тоа што најголемиот дел апарати на клиниката не функционираат.
- Кислородот мора да се дозира во одредени количества. Потребно е да се направат гасни анализи на крвта за да се одреди количеството кислород што треба да се даде кај секое бебе. Иако на клиниката има два гасни анализатора, ниту еден не работи и оние што сакаат да ги направат овие анализи носат крв на испитување на други клиники. Вработените сметаат дека тие анализи не се потребни и состојбата ја одредуваат без претходни анализи. Во меѓувреме ние со пипети со крв трчаме по клиниките и молиме некој да ни ги направи анализите за да си го спасиме детето - велат родителите.
Освен тоа, според родителите чии деца лежат на одделението за интензивна нега, апаратите за кислород најчесто покажувале грешка и алармирале дека параметрите не се добро наместени. Персоналот во тие случаи само го исклучувал звукот на алармот.
Лекарите што ги следат ризично родените деца велат дека ретинопатијата предизвикана од неправилно дозирање на кислородот порано била многу честа појава. Децата во тие случаи најчесто неповратно го губеле видот. Денес, тврдат, такви случаи има поретко, но сепак се случувале.
На Клиниката за гинекологија воопшто не се прави скрининг за ретинопатија кај децата што се предвреме родени, иако оваа болест најчесто се појавува кај тие деца. Родителите сами забележуваат дека нивното дете не гледа. Проблемот, велат лекари, е во тоа што доколку ретинопатијата не се открие навреме, таа многу тешко се лекува. Според педијатрите, светските препораки се да се направи првиот скрининг-преглед кај предвремено родено дете пет недели по раѓањето.
Освен проблемот со дозирањето на кислородот, на клиниката во дефект е и рендген-апаратот, кој поради тоа ретко и се користи, потврдува и персоналот.
Проблем на клиниката се и материјалите и анализите што се прават. Иако кај предвреме родените деца е потребно да се направат анализи на крвта од два до четири пати дневно за да може да се подготви соодветна исхрана, анализите се прават на три дена еднаш. На клиниката недостигаат бранули и фластери за новороденчиња, па се користат бранули за мали деца и фластери за возрасни, кои потоа одвај се одлепуваат од тенката бебешка кожа. Сите овие материјали родителите на бебињата што лежат на клиниката мора да ги купуваат сами. Од нивниот џеб се плаќаат и сите анализи што се прават, бидејќи на клиниката постојано недостига некој реагенс.
До управата на Клиничкиот центар и до Министерството за здравство стигнале неколку писма од родители чии деца се лекувале на Клиниката за гинекологија. Од управата велат дека одговориле на писмата, но дополнителни мерки не биле преземени. Не реагирало ниту Министерството за здравство. Во меѓувреме родителите на децата кај кои е дијагностицирана ретинопатија чекаат и по 20 дена за да добијат конзилијарно мислење за лекување во странство, бидејќи таа не се лекува кај нас.
Неодамна и во медиумите беше објавено писмо од родители чие дете било хоспитализирано на одделението за интензивна нега. Тие го обвинија персоналот дека играл оро и пуштал турбофолк-музика во одделот за интензивна нега.
Од Клиниката за гинекологија велат дека нема можност да се добијат податоци за бројот на новородени со ретинопатија бидејќи сите ризично родени се упатуваат на понатамошно следење во амбулантата за следење на порастот и развојот на Бит-пазар. Вината за тоа што не се прави скрининг за ретинопатија тие ја насочуваат кон Клиниката за очни болести од која, иако барале, не добиле позитивен одговор. Токму затоа, велат, ретинопатијата доцна се откривала. Набавката на нов апарат за гасна анализа била во тек, а рендген-апаратот почнал да работи минатиот месец.
- Кислородот кај новородените деца се спроведува според протоколите, а набавката на кислородните анализатори е во тек. Годинава клиниката постепено почна да ги обезбедува потребните медицински материјали и лекови. Против персоналот што беше пријавен дека играл оро е спроведена соодветна дисциплинска постапка - велат од клиниката


Несериозноста, непрофесионалноста и ненаменското трошење пари во државаното или јавното здравство,а за кое сите плаќаме здр.осигурување секојдневно резултира со катастрофални вести. Успеавме да ги стигнеме Латинска Америка и пополека се обидуваме и Африка, со очајната состојба во здравството.
Лично немам впечаток дека нешто оди на подобро и во последната година, а се поголем број Скопјани одат во приватните РеМедика, Неуромедика, Филип 2 и сл, за да ги остварат потребите без разлика што скоро сите се здравствено осигурани.
Прашањето е дали воопшто е возможно во држава со ваков слаб капацитет да се поврати некако состојбата барем од 80-тите и почетните 90-ти кога колку толку се поднесуваше овој сектор или нема веќе враќање - ни се распадна јавното здравство, посебно секундарната и терцијарната здравствена заштита?
 
Здравството треба да се приватизира, само за најбедни случаи да постои поткрепа од државата и сини картони, останатите да не плаќаат давачки за здравствено, туку по потреба, кога ќе се болни да си платат.
Кога работев во Македонија, работев во поголеми фирми, Мобимак и Стопанска, ме пријавуваа и ми земаа пари од платата за придонеси, како пензиско и здравствено.
Јас не сакам да ги плаќам тие придонеси, сакам чиста плата, а евентуално ако се разболам, ќе си платам сам. Зошто државата не дозволува можност да не плаќаш за пензиско и здравствено?
 
Zagrev bebencata, nema zborovi sto moze da se pokaze zalenje za isgubeniot vid...




Gnev i revolt do doktorite na klinikata, zasluzuvaat debela naplata za toa!!! J'zk neka mu e sekoj nov den, sekoj moment na uzivanje neka mu e poprecen od pomislata sto storile! Kaznile 3 nepocnati zivoti!
 
@Никола - а во која земја ти не плаќаш пензиско и здравствено, само шти има различни нивоа од тоа дали имаш само една пломба годишно до стент бесплатен и ова нема врска со приватно или државно. Овие пари се собираат во фондови кои пак склучуваат договори со клиники, болници ... и после они ти ги покриваат трошоците. Нешто налик на нашиот нов пензиски столб.
Инаку здравството ни е паднато под секоја граница. И оваа влада ветуваше дека ќе го подобри но не изгледа така. Не мораме да чекаме да се исцепкаат клиниките па да видиме што ќе се случи затоа што ветуваа дека че има лекови за секого, па повторно имаме недостиг за болните од малигни заболувања, па сега и за хемофиличарите (за ова имаа најдобро опрадување - незнал министерот дека треба негов потпис :lazgo: ). Или примерот со градските аптеки, каде истата ковота не лекови сега само ја распределија место во 40 во 150 аптеки (зборам за Скопје) па секоја аптека сега добива по 5 кутивчиња и ти трчај од една во друга да најдеш, епа така не се подобрува здравството а се сомнеавм и со новите предлози дека ќе биде на поарно.
 
krepiev напиша:
@Никола - а во која земја ти не плаќаш пензиско и здравствено, само шти има различни нивоа од тоа дали имаш само една пломба годишно до стент бесплатен и ова нема врска со приватно или државно. Овие пари се собираат во фондови кои пак склучуваат договори со клиники, болници ... и после они ти ги покриваат трошоците....

Да де ама имаш опција, во Америка например, како кажа има различни нивоа, а има и ништо да не плаќаш.
Јас само сакам да си го добивам она кое сум го заработил, не истото да биде обременето со толку многу давачки.
Од 110000 бруто плата мислам, дали 50000 земав во Мобимак. Тоа мене не ми изгледа како нешто привлечно. Државата да ги намали даноците за персонален доход и да ни даде можност да не плаќаме за пензиски фонд, што добивам јас со тоа што двојам за пензија, како прво кој знае дали ќе доживеам толку, друго, колку ќе биде тогаш границата за пензионирање, 70, 75 години? Не заебавај, државата нека го остави поединецот да си е сам одговорен и како самиот сака да располага со тие средства.
 
Ако имаш можност да бидеш исполнителен, да земаш јака плата, тогаш плаќаш данок не само за себе, туку и за оној кој не го може тоа како тебе. Тоа е тоа.
Сега државното здравство ни е катастрофа, многу политички игри и натегања препукувања, се надевам ќе се среди наскоро. Џабе плаќаш здравствено, кога немаш поддршка од фондот, не им се даваат пари. Колку луѓе заебале.
 
JASMIN напиша:
Ако имаш можност да бидеш исполнителен, да земаш јака плата, тогаш плаќаш данок не само за себе, туку и за оној кој не го може тоа како тебе. Тоа е тоа.
Сега државното здравство ни е катастрофа, многу политички игри и натегања препукувања, се надевам ќе се среди наскоро. Џабе плаќаш здравствено, кога немаш поддршка од фондот, не им се даваат пари. Колку луѓе заебале.

Не може да биде тоа си е тоа. Не џабе значи луѓето гледаат како да затаат данок, кога очигледно се соочени со неправда од системот.
Замисли јас никогаш да не се разболам, или да немам ниедно дете, да умрам на 65 баш пред пензија.
Значи пола од мојата плата цел мој работен век се давала за здравствени услуги на другите, за школување на туѓи деца, за пензии на други?
Каде е тука фер односот?
 
Никола напиша:
Не може да биде тоа си е тоа. Не џабе значи луѓето гледаат како да затаат данок, кога очигледно се соочени со неправда од системот.
Замисли јас никогаш да не се разболам, или да немам ниедно дете, да умрам на 65 баш пред пензија.
Значи пола од мојата плата цел мој работен век се давала за здравствени услуги на другите, за школување на туѓи деца, за пензии на други?
Каде е тука фер односот?

Кој може да затаи данок, затајува. Државата и системот го дозволуваат тоа кај нас, но не треба така да биде.
Не можеш фер однос да бараш кога живееш во колектив. Нема фер не фер, има правила и тие се за доброто на сите, а не на поединецот. Ако можеш повеќе од другиот, фер е да дадеш за него.
 
JASMIN напиша:
Кој може да затаи данок, затајува. Државата и системот го дозволуваат тоа кај нас, но не треба така да биде.
Не можеш фер однос да бараш кога живееш во колектив. Нема фер не фер, има правила и тие се за доброто на сите, а не на поединецот. Ако можеш повеќе од другиот, фер е да дадеш за него.

Ако сакам да дадам ќе му дадам кога пита или некое дете сирак би спонзорирал, факс да заврши и слично.
Но овој начин на насилно одземање на средства, без ти притоа ништо да не можеш да кажеш, не ми се бендисува.
Државата треба да има многу мали ингеренции, само преку полиција, судство, војска, мала администрација, никакво поголемо мешање во животот на индивидуата.
 
Никола напиша:
Ако сакам да дадам ќе му дадам кога пита или некое дете сирак би спонзорирал, факс да заврши и слично.
Но овој начин на насилно одземање на средства, без ти притоа ништо да не можеш да кажеш, не ми се бендисува.
Државата треба да има многу мали ингеренции, само преку полиција, судство, војска, мала администрација, никакво поголемо мешање во животот на индивидуата.
Моралот и етиката, свеста на човекот не се на степен да може тоа така да функционира како што кажуваш, со спонзорирање, дообротворни фондови.
Затоа мора законски да се регулира, нека е и насилно.
 
@nikola - Фер односот е што ние според устав сме социјална држава, а ако тоа не ти чини мењај устав (ако можеш) или иди у друга држава.
А зашто стално викаш што ако јас немам деца не доживеам пензија и не се разболам ... што ако даде господ да проживееш 105 години, или не дај боже пропадне фирмата па си технолошки вишок и на терет на државата зимаш плата и сини картони, не знаш што носи зивотот, особено не во Македонија.
Инаку залагај се кај твојот локален пиљарџија или маркет да ги заведе како вработени сите продавачки и да си плаќа данок 9не излегувај без фискална) и буни се кај државата зашто инспекторите не одат на терен туку седат во климатизирани канцеларии или пак со еден ручек ја кинат пријавата, ете тогаш ќе плаќаме помали давачки.
И ова :oftopic: фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2006 има суфицит (вишок средства) во износ од 23,4 милиони евра. Епа тоа е добра реформа што се направи во тој фонд се надевам дека ќе имаме таква добра реформа и во здраствениот.
 
krepiev напиша:
@nikola - Фер односот е што ние според устав сме социјална држава, а ако тоа не ти чини мењај устав (ако можеш) или иди у друга држава.
А зашто стално викаш што ако јас немам деца не доживеам пензија и не се разболам ... што ако даде господ да проживееш 105 години, или не дај боже пропадне фирмата па си технолошки вишок и на терет на државата зимаш плата и сини картони, не знаш што носи зивотот, особено не во Македонија.....

Се разбира дека е така, само спомнав за немањето на можност да се одбере некој друг пат.
Најверојатно хаотично ќе стане, нема никој да плаќа придонеси, а после ќе плачат по телевизии како приватните болници не сакаат да ги лечат, бидејќи повеќето луѓе се неодговорни и не знаат што штедење значи.
Како и да е сакал нејќел тој е системот, ќе се живее во него.
Дадов само една мала критика на социјалниот модел и губењето на индивидуалните права во интерес на колективното добро.
 
krepiev напиша:
@nikola - Фер односот е што ние според устав сме социјална држава, а ако тоа не ти чини мењај устав (ако можеш) или иди у друга држава.
А зашто стално викаш што ако јас немам деца не доживеам пензија и не се разболам ... што ако даде господ да проживееш 105 години, или не дај боже пропадне фирмата па си технолошки вишок и на терет на државата зимаш плата и сини картони, не знаш што носи зивотот, особено не во Македонија.
Инаку залагај се кај твојот локален пиљарџија или маркет да ги заведе како вработени сите продавачки и да си плаќа данок 9не излегувај без фискална) и буни се кај државата зашто инспекторите не одат на терен туку седат во климатизирани канцеларии или пак со еден ручек ја кинат пријавата, ете тогаш ќе плаќаме помали давачки.
И ова :oftopic: фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2006 има суфицит (вишок средства) во износ од 23,4 милиони евра. Епа тоа е добра реформа што се направи во тој фонд се надевам дека ќе имаме таква добра реформа и во здраствениот.


Скоро никаде во светот здравството не се финансира од фискалните на локалните пиљарџии туку од данокот што го плаќаат поголемите фирми што кај нас се нажалост повратници на ДДВ.Зафаќањата за финансирање на здравството кај нас навистина малку се поголеми во однос на другите земји но иритира фактот што во Македонија немаме повраток на тие средства кај даночниците доколку не ги употребиле во текот на годината.Плавите картони се безвезна работа за која некој глауч само чул дека се употребуваат ама не знаел точно како.Во Германија на пример имате таканаречени "штоер бератери" кој на крајот од годината можат на секој легално вработен да му постигнат враќање на 8 000 евра од дадединете 10 000 затоа што човекот бил здрав и не одел толку многу на лекар.Се разбира дека на тој начин се повеќе ќе ги цениме плавите или било каквите картони кој ги добиваме како доказ дека сме партиципирале во здравството.Невработените исто така можат на крајот од годината да добијат нешто помала сатисфакција за своите неупотребени картони,пред се во зависност дали примиле здравствени услуги и во колкав обем.Значи во паметните демократии тоа е решено многу едноставно и принципиелно а се опфатени сите граѓани на земјата скоро подеднакво.Оној што заработува милиони таму плаќа илјадници неповратни евра во здравството ама сепак на крајот од годината ќе биде задоволен затоа што има реални шанси да си врати и до 80% од вложената партиципација.Токму тука е главниот проблем со финансирање на Македонското здравство,го финансираат најмногу оние на кој најмалку им треба па затоа избегнуваат реално да ги платат давачките што представува криминален акт во многу демократии.Исто така треба да се воведе право на избор на здравствени услуги во зависност од партиципацијата а не оној кој издвојува најмногу да користи најмалку.Би ве потсетил дека патничко осигурување за лекување во странство(неопходно за патување во некој земји на ЕУ)е дупло поефтино отколку здравствено осигурување за евентуално лекување во земјава.Токму тоа е апсурдот со кој се соочува нашата партијски пренатрупана администрација која не знае "в гас да се дупне" па ќе спроведувала коренити промени во здравствената партиципација.
 
Темата ја постав од една едноставна причина. Пред еден месец мој пријател од клинички центар се врати од семинар во Мексико во Мексико Сити, каде што ситуацијата е следната:
Сиромавите немаат пари да се лекуваат приватно и им следува јавно здравство, за кое се одвојуваат средства преку придонеси.
Доколку на некој сиромав , а колку што знам Мексико Сити беше најголемиот град на Планетава - значи и ги има многу, му се слоши и повика јавна брза помош, може да чека дури и 48 (четириесет и осум) часа да дојде возилото. Му останува во тој период да се надева дека ќе успее да ги дочека.
Додека доколку некој што може да плати го стори истото во приватна здравствена установа, се разбира добива промптна и одлична услуга.
Во Македонија сеуште не дошло до Мексико, но знаете оној Марфи , а всушност тоа е чиста физика рекол дека нештата во животот и природата воопшто, ако не се вложи дополнителна сила - читај пари и менаџирање - ќе отидат во таа насока.
Фондот за Здравствено Осигурување има средства - една од набогатите институции во Македонија е, но дали средствата се трошат 100% како што треба. Ниедна влада досега не ги трошеше чесно (вклучувајќи ја и оваа). На оваа тема и самото раководство на Фондот има изјавено дека и да не сака едноставно мора да издвои дел од колачот за „расходи” и тоа не е никаква тајна.
А тоа се наши пари :nenene:
 
jon напиша:
............................................ На оваа тема и самото раководство на Фондот има изјавено дека и да не сака едноставно мора да издвои дел од колачот за „расходи” и тоа не е никаква тајна.
А тоа се наши пари :nenene:

Dzabe praite muabet...perfektno se znae sto treba da se napravi relativno dobar i funkcionalen zdravstven sistem...,ama na mnogumina koi ja kontroliraat ili participirat vo delenjeto na taa ogromna para ..toa ne im odgovara.
Zakonot na drumskite razbojnici uste dooolgo ke vladee na ovie prostori. I na sekoj nacin ke nastojuva Makedonija da bide vo toa limbo sostojbata sto podolgu.
Znaete li koja para e toa...na taka lesen i neodgovoren nacin...toa go nema skoro nikade...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom