Вести и новини

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
AMD го претстави новиот dual-core Athlon 64 X2 декстоп процесор

AMD брзо одговори на лутиот ривал Intel со нова серија на dual-core (двојадрени) процесори. Новата серија dual-core процесори има 4 модели кои се разликуваат во големина на тактот и L2 кеш меморијата.
Првиот модел од dual-core фамилијата е X2 4200+ (Manchester core), кој работи на такт од 2,2 GHz и има 2x512 кB L2 кеш. Наредниот модел е 4400+ (Toledo core) со истиот такт како и 4200+, но со 2x1024 kB кеш меморија. Аналогно на овие два процесори, најсилните - 4600+ и 4800+ работат на иста фрекфенција од 2,4 GHz и се разликуваат само во L2 кеш меморијата. Првиот има 2x512 kB, а другиот двојно повеќе - 2x1024 kB.
Johnatan Sekler (senior product manager) од АМD признал дека двојадрените процесори се претставени речиси три недели порано, но дека тоа не се должи на претходното претставување на Интеловите Х2 процесори, туку на добрата работа на развојните инжинери и одличните резултати што ги дале Athlon X2 процесорите.
Новите Х2 процесори од AMD се побрзи од Интеловите X2 процесори, а и имаат и помала потрошувачка (110 W, додека Интеловите 130 W). AMD Athlon X2 се вградува во истото лежиште (socket) 939, како и еднојадрените АМD процесори. Многу брзо од АМD најавуваат и зголемување на големината на тактот и претставување на АМD X2 5000+ и 5200+ dual-core процесорите.
Иако, двојадрените процесори изгледаат доста моќно, сепак и според AMD, и според Интел, односот перформанси/цена е сеуште поголем кај еднојадрените процесори и нормално се поисплатливи.
Почетните цени на овие процесори се 581$ за 4200+, 803 за 4600+ и 1000$ за 4800+

Извор Tom's Hardware
 
AMD го обвинува Intel

Henry Richard, потпретседател на компанијата AMD задолжен за маркетинг, изјавил за DigiTimes дека Intel-овите двојадрени процесори се состојат од две одвоени јадра, запаковани во еден чип, така да всушност тие не се прави двојадрени процесори. Соред Richard, двојадрен процесор е оној процесор кај кој двете јадра се наоѓаат на иста силициумова плочка. Pentium D “двојадрените“ процесори всушност се два одвоени процесори во мултичип павкување. Иако до сега Intel нема објаснето, сепак се верува дека неговите процесори користат иста силициумова плочка.
 
Уред кој би требало да ги замени звучниците

Тајванската компанија Sinbon Electronics, воглавно позната како производител на конектори, го претстави уредот Q-Voix кој овозможува рамните површини, како што се масите, прозорите, ѕидовите, да се користат како звучници. Џозев Вонг, член на управниот одбор на оваа компанија, ијзавил дека развојот на оваа иновација е завршен пред два месеци и дека сериското производство треба да започне во септември.

Q-Voix може да биде поставен на било која рамна површина, а исто така има и вграден микрофон и може да се користи за chat. Во Sinbon се надеваат дека почетната цена на Q-Voix ќе биде помала од 100 долари, што не би требало да претставува многу доколку уредот може да пружи што поквалитетен звук.

DigiTimes
 
Лани летото во Грција во една продавница за техничка роба видов некој сличен таков уред кој може мазните површини да ги претвори во звук.
 
Мене не ми е јасно како тоа ги претвара, али ваљда за некое време ќе има како работи ова чудо. Него јас гледав порано на А1 имаше една емисија за технологија и кажуваа некој од жутата раса напраил од нешто ко тенок слој ко дебела хартија, се става на некој магнет и се добива звучник. Можеше слики на ѕид што стојат да бидат звучници :P
 
Развиен Blu-Ray recordable диск

Само неколку дена откако HD DVD форумот го претстави својот HD DVD-R формат на оптички диск, Blu-Ray алијансата одговори со BD-R дискот. Овој медиум заеднички го развија Pioneer и Mitsubushi Kagaku Media (Verbatim), a останува уште алијансата официјално и да го прифати овој диск. Во Pioneer, кој е еден од лидерите во полето на развојот на DVD дисковите, велат дека целото свое знаење ќе го насочат кон развивање на Blu-Ray медиите. Pioneer и Verbatim својот BD-R диск го развиваа уште од минатата есен, а во исто време се развива и соодветен DVD снимач за него.
Слојот за пишување нa BD-R дискот се наоѓа директно на рефлектирачкиот слој, а се изработува така што органски пигмент рамномерно се разлива, под дејство на центрифугална сила (т.н. spin coating). Овој слој потоа се покрива со заштитен слој, кој го има развиено TDK и кој е дебел само 0,1 mm. Ваквиот диск рефлектира околу 40% од светлината на ласерот, што је скоро исто ниво на рефлексија како и кај прифатениот BD-ROM стандард за дискови. Сите детаљи поврзани за BD-R дисковите ќе бидат претставени на на саемот ISOM/ODS`O5 кој ќе се одржи следниот месец на Хаваите.
 
IBM претстави нов супер-компјутер

IBM направи нова верзија на својот Blue Gene/L супер-компјутер, наречен Blue Gene Watson поради тоа што ќе се користи во IBM-овиот Тhomas Watson истражувачки центар. Овој компјутер е во состојба да обавува 91,3 милијарди калкулации во секунда, што значи дека е послаб само од првиот Blue Gene/L компјутер кој пружа перформанси од 135 терафлопси. Не е случајно што IBM токму оваа недела го претставува својот Blue Gene Watson супер-компјутер, бидејќи наскоро ќе биде објавена нова листа на 500те најјаки компјутери во светот. IBM, на тој начин, ќе ги завземе двете водечки места на таа листа, додека трет ќе биде Silicon Graphics со својот Columbia систем, изработен заедно со NASA и кој пружа перформанси од 51,9 терафлопси.
Blue Gene Watson ќе се користи за биолошки истражувања и развој на нови лекови. Овој компјутер се состои од 20 rack-ови, секој со по 1024 Power PC процесори
 
Стенмарк бе, "огладневме"...
Дај да "к'снеме" некоја информација - 10 дена ништо не си ставил. :(
 
Излезе новата топ-листа на 500те најсилни компјутери

Неодамна, во една новост напишав дека IBM го направи својот Blue Gene/L суперкомпјуер токму за таа цел - да биде на врвот на 500те најсилни компјутери. Токму тоа и се случи - IMB Blue Gene/L, кој се наоѓа во Lawrence Livemore лабораторијата во американското Министерство за Енергетика, го зазеде првото место на листата на 500те најсилни компјутери во светот, која беше објавена неодамна. На врвот на листата доминираат компјутери кои користат IBM процесори (1, 2, 5, 6, 8 и 9то место), меѓутоа од останатите процесори дури 333, односно две третини користат Intel-ови процесори. Од тие, 254 користат Xeon чипови, а 79 Itaniume. Најјакиот компјутер со Itanium процесор е Thunder, кој се наоѓа на високото 7мо место, додека најдобропласираниот модел заснован на Xeon процесор е Tungsten, на 20то место и се состои од кластерифицирани Dell PowerEdge 1750 системи под RedHat Linux.
Големината на суперкомпјутерите се должи на работата која ја вршат. Пред неколку години, најсилниот компјутер на светот играше шах со Гари Каспаров, додека денес Blue Gene/L прави тродимензионален модел на хемиската градба на протеините, со што би ги утврдил процесите неопходни за функционирање на келиите (клетките).
Треба да се напомене дека сите компјутери од оваа листа, освен два, користат Linux оперативен систем, додека само еден користи Windows OS.

Извор Tom's Hardware Guide
 
StenmarC, време е да не "почастиш" со некоја новост. :wink:
 
Новини во воденото ладење на компјутерите

Swiftech го претстави новиот waterblock наменет за системите за ладење на течности кој ќе го носи името Storm. Тоа што го прави овој waterblock необичен е тоа што во себе содржи две прскалици, кои под притисок го растураат водениот млаз пред да влезе во посебните комори со цел да се подобри превземањето на топлината од бакарните ѕидови на комората. Според Swiftech, ваквиот начин на работа овозможува подобри перформанси од нивните претходни решенија. Во продажна ќе се појави од 5ти јули, а малопродажната цена ќе изнесува 76 американски долари.

storm-render.gif
 
MSI K8N SLI плочата не поддржува SLI со две GeForce 7800 GTX графички карти

Овие денови почнаа да се шират гласини дека MSI направиле ситна грешка во дизајнот на нивната K8N SLI матична плоча, така да таа не може да работи со две GeForce 7800 GTX графички карти во SLI режим. Гласините се покажаа како вистинити, а причината за овој проблем е чисто од механичка природа. Еден од кондензаторите на плочата е премногу близок до вториот слот за графичката карта и на тој начин му попречува на конекторот за напојување на вентилаторот правилно да биде приклучен. Овој проблем се јавил од причина што конекторот за напојување на вентилаторот кај GeForce 7800 GTX картичките е поставен малку пониско отколку кај претходните GeForce 6 модели, а има и има поинаква ориентација . На тој начин е оневозможено графичката карта правилно да легне во PCI Express слотот. Решение за овој проблем не постои, а MSI би требало да произведе нова плоча кај која овој механички проблем ќе биде исправен.

Во продолжение е тоа сликовито прикажано

MSI_K8NSLI_78GTX.jpg


MSI_K8NSLI_78GTX2.jpg



За оние кои не знаат што е SLI О В Д Е можете да ги прочитате најчесто поставуваните прашања (FAQ), а О В Д Е подетално за самата технологија.

Превземено од Virtual Zone
 
AMD го исфрли оловото од производството на своите процесори

AMD објави дека неговите процесори, кои почна да ги нуди од овој месец веќе не содржат олово. Тие се одлучиле на овој потег со цел да бидат во склад со новиот пакет закони на Европската Унија, познат како Restriction of Hazardous Substances (RoHS). Според овој пакет закони, токсичното олово треба да биде исфрлено од употреба при производството на електричните уреди со цел да се спречи можното загадување на водата. Овие закони ќе стапат во сила тек од 1ви јули наредната (2006та) година, но AMD сакааат да го прилагодат производството уште сега, за да не чекаат до последниот момент, а нормално и да добијат некој поен во очите на јавноста. Меѓу безоловните чипови, отсега ќе се наоѓаат АМD-овите процесори за серверите, десктоп и notebook компјутерите, како и останатите чипови за сервери.
Во AMD викаат дека соработуваат со универзитетите, другите производители на електронски уреди и здруженијата за забрзување на развојот на електронски компоненти без олово. Оловото до скоро време беше основна состоја на легурата за изработка на лемовите на електронските компоненти, а поедини производители почнаа да го исфрлаат од употреба уште минатата година.
 
iPod1.jpg

Apple претстави нов iPod кој од сега има и поддршка за приказ на видео. Петтата генерација пристигнува со 2.5 инчен дисплеј во боја на кој може да се прегледуваат видео материјали во MPEG4 формат. Се разбира, може да се прегледуваат и фотографии.
Другата битна промена се однесува на големината, односно на дебелината на новиот iPod. По интензивната диета, новиот модел со 30 GB е дури 30% потенок од претходникот, а оној од 60GB за 12%, со што станаа уште поатрактивни.
Батериите се исто така различни во двете верзии. Оној од 60GB ќе може да свири непрекинато 20 часа, а моделот од 30 GB - 14 часа. Компромис мора да има, помал iPod - помал диск, помала батерија.
Цените ќе изнесуваат 299, односно 399 долари за вториот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom