Nemorosus
Маршал Изет Фазлиновић

На 26 мај во летниот клуб Хавана, уникатниот македонски прогресивен состав Верка ќе одржи самостоен концерт пред следниот месец да замине на двонеделната Балканска турнеја.
Уште со формирањето пред десетина година Верка беше забележана со својот единствен ритмички интензивен звук за тогаш да успее да ја дели сцената со Soulfly и легендите Laibach. После неколку годишниот хиатус во 2010 година се враќа со новото албумско остварување „Моторни песни“
„Тој со сигурност не е едноставно четиво и затоа веројатно нема да наиде на некоја голема позитивна резонанца, но затоа е оригинален, необичен и автентичен.“ – за последниот албум на верка, забележа Зоран Марковиќ од хрватскиот медиум Терапија.нет. Додека пак Жарко Каранфилов за Нова Македонија истакна: „ На домашната сцена ова колосално издание може да се спореди со последниот обид на новото откровение на „Мизар“ единствено по чувствителноста на темата“.
Своето најмоќно оружје – живиот настап Верка ќе може да го презентира пред скопската публика на 26 мај, а како предгрупи на овој настап ќе се појават младите состави ГЛАСНОМ и Funk Shui. Концертот започнува во 21 часот, а влезот чини само 200 денари.
http://www.facebook.com/events/368247649889157/