Венеција

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Кажете ваше мислење за Венеција.
Дали сте биле и споделете искуства.
Што ве воодушеви во Венеција?
Дали ја знаете историјата на Венеција?

Барав по форумов и не видов посебна тема само за Венеција. Па решив да направам и да напишеме по некоја реченица за Венеција.

Нешто за почеток за Венеција:
Венеција е град во Североисточна Италија, центар на областа Венето. Има околу 200.000 жители. Исто така го нарекуваат "Град на каналите". Повеќе од 1.000 години бил главен град на Венецијанската Република.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови.
Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова Палата, црквата Свети Марко, и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите и други научни и културни установи.

Тоа е нешто за Венеција колку да имаме основа, па кажете и вие по нешто за оваа туристичка атракција.
 
Имав можност два пати да ја посетам Венеција и сум превоодушевена. Венеција е прекрасна, кога бев таму се чувствував толку прекрасно и слободно... Не можев погледот да го тргнам за секунда имаше толку многу работи да се видат. Пак би одела и пак и пак и пак и пак... Венеција е како сон. Барем за мене. :)
 
Бев минатата година на екскурзија, убав и интересен е градот, ама не е како што замислував. Во секој случај, сакам повторно да наминам до Венеција.
 
Бев пред две години на екскурзија и стварно е фантастичен град. Посетивме неколку градови за време на екскурзијата, ама Верона и посебно Венеција ми оставија најголем впечаток.
Има многу работи да се видат, се е интересно и неможе да ти здосади ништо.
И кој не бил во Венеција, а ако некогаш има шанса да отиде обавезно да се извози со гондолата. Не ги жалете парите еднаш сте отишле во Венеција, а гондолата вреди за дадените пари.
Една од поубавите работи е и "Мостот на воздишките".
Се на се како Крејзи ин Лав и јас би отишол уште неколку пати во Венеција, само да имам можност.
 
Вреди да се види, ме интересира таа архитектура. Иначе на овој град црно му се пишува ако се покачи нивото на морето, а штета би било да се изгуби такво богатство.
 
Венеција, Верона, Фиренца. Ако имаш барем мал интерес за убавина, култура и историја, едноставно мораш да ги посетиш.
 
Прекрасен град. Има што да се види таму
 
Ах... Веценија... гондоли, темно-зелена до кафеава вода, прекрасен мирис на канализација...
Романтика невидена.

...шише вода 3 евра, литар пиво 11 евра, парче пица 3,5 евра, вапорето во еден правец 6,5 евра...ете ја картата за еден правец со wizzair!
 
Претставништвото на Ферари во Венеција :love:

Ќе споделам повеќе импресии за градов подоцна :)
 
Venezia...Commento non è necessario
cafeflorian.jpg
 
Превентивно поставувам.
Инаку, кај Rialto феноменално еспресо е 2,5 евра. До 18.00 попладне. По 18 часот филипинскиот келнер ќе ти објасни дека нема кафе, само манџаре кое btw кошта исто колку погоренаведената карта од Wizzair по човек. Минимум.
За младите препорака - поефтино е Santa Croce. Полно е млад свет и релаксирана атмосфера.
 
Аман не мавајте!
grujo.jpg

Не го постирав од инает да му се невиди!
Има убави, поефтини места од Сан Марко фала богу.Факт е дека е оган.
Темата е Венеција, затоа пишам за Венеција не за Битпазар.Да не треба да постирам општо за цените во ЕУ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom