Вечер почнува "БАСКЕРФЕСТ"

  • Креатор на темата Креатор на темата ФиљанЧоек
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Локација
Љутице Богдана 1а
Скопје од вечерва па се до 10-ти јуни ќе биде домаќин на седмиот интернационален фестивал на улични артисти „Баскерфест“. Фестивалот и оваа година е под покровителство на Град Скопје, а програмата ќе се реализира на плоштадот Македонија и во рамките на Веро центарот.

20120601-baskerfest.jpg


На годинашниот „Баскерфест“ ќе настапат 30 артисти и 20 музичари кои, според најавите на организаторот „One Way“, ќе и овозможат на публиката комплетно нови досега невидени перформанси, имајќи предвид дека сите по прв пат учествуваат на фестивалот. Во рамки на „Баскерфест“ ќе биде отворена Пиво градината, која ќе се наоѓа на самиот плоштад.

Свеченото отворање е вечер во 19 часот, пред Веро-центарот, со одење по жица на акробатотот Крис Бул.

Од платото на Веро-центарот, „уличниот циркус“ ќе се упати кон плоштадот Македонија, каде според најавите, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски официјално ќе го објави почетокот на фестивалот.

Програмата на фестивалот ќе стартува од 18 часот и ќе трае до 02 часот по полноќ во текот на работните денови, а за време на викендите и до 03 часот по полноќ.

„Баскерфест“ е интернационален, мултикултурен, уличен настан со кој се збогатува културната и забавната содржина на Скопје, со неколкудневни исклучителни моменти за смеа и радост на граѓаните.

- Ова е манифестација која прерасна во долгогодишна традиција и е интересена не само за граѓаните од Скопје и Македонија, туку и за граѓаните од соседните земји, изјави Пане Темов од „One Way“. Тој најави бројни акробатски настапи, познати брејк денсери кои настапуваат на шоута на Џеј Лено, магионичари, танчери, жонглери и уметници од Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Боливија....., како и музички бендови кои ќе ја надополнат и комплетираат богатата Баскеровска програма.
 
Oва е прекрасен настан. Потоа следи и Скопско лето. Во јуни и јули традиционално има доста интересни културни настани за граѓаните. Има и наши забавувачи. Би сакал што повеќе граѓани да дојдат.
 
Една од поубавите работи кои му се случуваат на Скопје секоја година. Одам сега да прошетам низ улиците. Има што да се види и фотне :)
 
Ај некој нека биде фин и нека постира линкче за музичката програма, ваљда постои такво нешто. Однапред благодарам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom