Увоз на автомобили (Основни Информации)

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УВОЗ НА СТАРИ ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛИ
(физички лица)
1. Потребни документи за царинење
- Фактура, договор за купопродажба или изјава за вредност, во зависност од купопродажбата
- Сообраќајна книшка/и на возилото
- Царинска декларација од гранична царинска испостава каде возилото е пријавено при влезот во Република Македонија
- Доколку сакате да примените преференцијална царина од 1% за автомобили со потекло од земја членка на Еврпската Унија, потребно е да поседувате доказ за преференцијално потекло "ЕУР.1" кој го издава царината во земја од ЕУ или "изјава во фактура за преференцијално потекло" за царинска вредност помала од 6.000 ЕУР. Го препорачуваме доказот за преференцијално потекло ЕУР.1.
2. Царинска вредност
Царинската вредност за утребуван патнички автомобил се утврдува на следниов начин:
a) кога цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор е поголема од каталошката цена (според каталогот кој го употребува царината), царинската вредност претставува цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор зголемена за транспортните трошоци и трошоците за осигурување
б) кога цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор е помала од каталошката цена (според каталогот кој го употребува царината), царинската вредност претставува каталошката цена зголемена за транспортните трошоци и трошоците за осигурување
3. Примери за каталошка цена и увозни давачки за одредени автомобили увезени од Германија (според каталог кој го употребува царината на 12.03.2010)
Модел на возилотоКата-
лошка цена
во ЕвраТранс-
порт и осигуру-
вaње во ЕвраЦаринска вредност во денари (курс 61,5)Царина 5%Еколошка таксаАкцизаДДВ 18%Вкупно увозни давачки
денари (евра)Opel Astra 1.7 DTI Lim/5
Производство: 2000 година
KW/KS: 55/75
2.450
300
169.125,00
8.456,25
5.000,00
0
32.864,63
46.320,80
(753,18)
Volkswagen Golf 1,9 TDI Highline Lim/4
Производство: 2000 година
KW/KS: 110/150

5.500
300
356.700,00
17.835,00
5.000,00
5.618,03
69.327,54
97.780,57
(1.589,93)
Toyota Rav 4 2,2D-4D 4x4 Travel Kom/5
Производство: 2007 година
KW/KS: 100/136

16.250
300
1.017.825,00
50.891,25
5.000,00
96.184,46
210.582,13
362.657,84
(5.896,88)
Suzuki Grand Vitara 2,0 Kom/5
Производство: 2002 година
KW/KS: 94/128

6.200
300
399.750,00
19.987,50
4.000,00
8.394,75
77.783,81
110.166,06
(1.791,32)

Забелешка: Заради исполнување на условите за хомологација препорачуваме да увезувате автомобили кои не се постари од 1998 година.

Превземено од:
http://www.jass.com.mk/index.php/mk/2010-03-12-09-11-47.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom