Утрински ритуал

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Што е она првото што го правите откако се будите?

Да си кажам за мене искрено... зборот утро, го имав ставено на 5 месечен бан.
Денеска конечно сфатив дека постои и тој дел од денот, па го започнав со слушање на музика и тегнење во кревет. Како помал, првото нешто што го правев откако ќе станев од кревет, беше гледање на серии/цртани... но денес е сосем поинаку.

Па, кој е вашиот утрински ритуал со кој го започнувате денот?
 
Зборот утро замене најчесто значи 6:00 часот. Покрај стандардните раб околу жигиена обавезно читам весник. Кафе на сабајле не пиам па така мојот ритуал е весникот.
 
СТанувам, уклучувам компјутер, слушам музика, варам кафе, влагам да се бањам додека се олади кафето, се спремам, пијам кафе и се трујам со цигари
 
Станувам (незнам кое време-секој пат различно) муабетче на телефон, 10 - 15 мин цигара, кафе и цигара и после може се да се прај.
 
Од мај па се до вчера не ни знаев дека постои утро :pos:, но се потсетив и на тој дел од денот.
Доколку треба негде да излезам, се знае, утринска хигиена, се спремам и правец преку врата.
А ако немам обврски и планирам утрото да го поминам дома, незнам веројатно пред пц или тв. Но, тоа не се случува често, затоа што ако не треба да завршам некоја работа, останувам до касно да спијам, па утрото ми бега.
 
Станувам најчесто помеѓу 8 и 9 часот. Се одмарам од спиење едно 10/15 минути, одам под туш едно пола саат и после зависи од обврските на денот (оти секој ден не се бричам, а и секој ден не ми е ист) си почнувам со работа. се разбира кај делот туширањето спаѓа и другиот дел од хигиената :)
 
Зависи од обврските што треба да следат во денот.
Ако сум на школо неволно станувам, се спремам и тргнувам.
Ако сум дома, ги извршувам хигиенските обврски, вклучувам pc (ако не бил оставен од вечерта да работи) и дремам на него, се тегнам, мрзоволно разгледувам наоколу, ме мрзи да средам, појадувам и пијам сок. :)
 
Откога се будам најпрво што ми паѓа на памет е колку е саатот. Ако е рано за станување вртам по некоја страница од книгата што ја читам, (обично пола саат). После станувам и правац купатило на еден “ладен’’ туш. Ако не се облечам пред доручек тогаш не се викам Андреј. И најпосле пред излегување еден доручек опнувам и бегам надвор/ седнувам пред ПС.
 
Станвам и се мијам лице и заби, се чешлам и после денот можи да почни.
Ко бев расположена, летав од кревет, сеа сум мрзоволна .. се тегнам .. се маткам ..
 
станувам се мијам и зависи ако е школски ден у школо, а ако не уклучувам компјутер и пуштам музика до даска за да се расонам ко шо треба
 
Ако не сум на школо станувам околу 10, одма купатило се мијам све ко шо требам, туш...па седвам пред компјутер или излегувам, а за дорулек тек после 2 часа од ко ке станам

А кога сум на школо станвам на брзина се мијам, јадам, учам (ако сум попладне)..и заминувам
 
Зависи дали имам обврски дента или не.Ако имам,тоа значи станување накај 6:30.Одам во дневна,седнувам на фотеља,пуштам музика и се освестувам некои 15 минути и се што се случува понатаму е многу набрзинка затоа што секогаш каснам за на факултет(инаку на сите други места стигнувам 15 минути порано :) ).Е сега ако немам обврски,времето за џаболебарење се продолжува два пати повеќе.:icon_lol:
 
Си имам некој си ритуал по кој си одам, значи станувам со десна нога обавезно:pos2:, ако случајно станам со лева пак се враќам во кревет и станувам со десна:pos2:. Идам одма уште нерасонета си правам кафе, додека се направи кафето одам да си измијам заби се враќам кафето биднало, го оставам да се лади за тоа време се туширам и после на раат си го пијам моето утринско кафе. После се слушам на телефон со кого треба и ми почнува денот. (цело време се се врти околу кафето изгледа:pos2:)
 
Прво што правам идам у купатило. Потоа седнувам пред телевизор, па после си правам нешто за јадење и си јадам пак пред тв. Е после откако ќе се најадам седнувам на компјутер. Така ми беше цело лето. А сега кога веќе почнав со факултет стануваш, се спремаш и низ врата. :toe:
 
Станувам,го ставам кафето со полуотворени очи,за тоа време се мијам лице и заби,земам чаша густи сок,кутијата цигари и седнувам на масата со нозете поткачени на другиот стол:)Му посветувам пола саат на ритуалот,поради него и се будам,иначе очи не би отворила цел ден:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom