Уште еден убиен Македонец овојпат во Австралија :(

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
S

Stivie G

Гостин
Сашо Ристевски од Битола, бодибилдинг тренер, е застрелан со пиштол во домот на неговите родители во австралиското гратче Илавара, кај Вулонгонг. Според истрагата на локалната полиција во куќата им упаднале тројца непознати кои неколку минути пред да го застрелаат се конфронтирале со македонскиот државјанин. Инцидентот се случил пред родителите кои исто така учествувале во караницата, но не ги препознале напаѓачите. Потрагата е започната, а полицијата испрашува сведоци.

Веста ја пренесуваат медиумите во Сиднеј, но никој нема поконкретни информации што е причина за насилството. Официјално известување до Министерството за надворешни нема. Македонската амбасада или конзулатот не се информирани за инцидентот и за текот на истрагата. Единствено за настанот знаат во заедницата на Македонците –

Убиството на Сашо следува три дена по нападот врз Зорана Лебедик на Флорида. И таа настрада од куршум испукан од пиштол од страна на маскирани и вооружени. Сомнителни за полицијата се двајца Афроамериканци кои претходно нападнале жител во околината и му го украле телефонот. Лебедик отпатувала во Америка заедно со двајца пријатели, брачен пар, како преставници на Скиентолошката црква во Скопје. Локалната полиција се уште го нема откриено мотивот за нападот.
 
Ова мора да значи дека македонските граѓани масовно се иселуваат од државава.

Секој предвреме згаснат живот е трагедија. Се надевам не бил вмешан во криминал. RIP.
 
Што е оваа година? :S
--- надополнето: Sep 30, 2011 4:51 PM ---
Ова мора да значи дека македонските граѓани масовно се иселуваат од државава.

Па како да не се иселуваат кога овде нема иднина, и јас ќе се селам надвор од државава, наскоро ако биде се како што треба.

 
годинава 4 или 5 македонци отидоа јабана.. и тоа пазете.. еден отишол на шини под воз - се лизнал случајно, девојкава шо ја убија со кушум у чело - случајот мистерија. онаа шо се удави не се знае за причините. како е можно у волку краток период толку убиства и тоа се врз македонци?
 
Изгледа и грците емигрираат заедно со македонци.
 
годинава 4 или 5 македонци отидоа јабана.. и тоа пазете.. еден отишол на шини под воз - се лизнал случајно, девојкава шо ја убија со кушум у чело - случајот мистерија. онаа шо се удави не се знае за причините. како е можно у волку краток период толку убиства и тоа се врз македонци?

исто и студентката од Штип ја згази кола ,чудно
 
Нека почива во мир.
И аман луѓе одма теории на заговор, се спрема ликвидација на Македонците што се настрана, па чудно било итн. Нема ништо чудно, несреќи се случуваат и тоа е тоа за жал.:(
Се надевам дека ќе го пронајдат исчезнатиот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom