Уште еден доказ дека Тоше е најдоброто од Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Веб-сајт
www.kajgana.com
%7BB3ED9605-CDA4-4302-9EA6-8F846DE29FA2%7D_tose-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Мегаsвездата Тоше Проески со хитот "Вежи ме за себе" е апсолутен победник на престижниот хрватски "Радиски фестивал", кој викендов се одржа на островот Хвар. Тоше лапна пет награди- "Гранд при", за најдобар поп-рок изведувач од весникот "24 сата", наградите од слушателите на три музички радија во Босна Црна Гора и Србија. Неговата победа беше поздравена со огромен десетминутен огномет.
"Втор пат сум на овој фестивал и, искрено, не очекував дека ќе победам.Ова е голем ден за мене и би сакал посебно да им се заблагодарам на мојата менаџерка Лилја, како и на новинарите од Македонија кои поминаа 1.200 километри за да ме бодрат вечерва", рече Тоше на прес-конференцијата по победата во елитниот хотел "Адријана вал Марина".
Второто место на Фестивалот го доби натурализираниот хрват Аки Рахимовски со песната" Ти и ја", а третото место им припадна на сестрите Ивана и Марија Хусар.
Веднаш по победата, Тоше Проески славеше со голем концерт на плоштадот во Хвар каде што огромен број негови фанови можеа во живо да ги слушнат неговите големи хитови "Волим осмјех твој" - дует со популарната хрватска пејачка Антонија Шола, "Лагала нас мала", " Кој ли ти гризе образи" и други. Беше облечен во палто на "Долче & Габана", фармерки "енерџи" и патики "биочели".
Тоше на Хвар допатува директно од Загреб каде што сними спот со неговата атрактивна колешка од Хрватска Антонија Шола со која се дружеше за време на престојот на Хвар. Каде и да се појавеше, над стотина негови фанови се туркаа за автограми и сакаа да се фотографираат со него.
Ова е прв пат на "Радиски фестивал" еден учесник да земе дури пет награди. Директорот на Фестивалот, Јурај Хрвачич рече дека е навистина пријатно изненаден од популарноста на Тоше и му посака светска кариера.
На покана на директорот на Фестивалот, на островот Хвар допатува и Владо Јаневски кој, заедно со Северина, требаше да пее во ревијалниот дел на Фестивалот, но Севе во последен момент го откажала настапот, па затоа Владо му беше само гостин на Тоше. [/FONT]

извор

Ова е уште еден доказ дека стварно поседуваме нешто најдобро кое прави и ке продолжи да прави бум и доста пошироко од МК?
 
Навистина секој успех на Тошка е за поздрав,и треба сите да го поздравиме тоа...ми се допаѓа како пее,има високи гласовни способности,само мислам дека треба малку да поработи на сценскиот настап,да покажи свој стил.
Зошто еднаш на ТВ го гледав концетот во Бугарија...тогаш го извади срцето од кошула и го фрли кон публиката,е тоа го прави само Рики Мартин и Тоше...кој кого го емитира незнам:)
 
Тоше е закон, добро пее, има глас, се проби низ балканот, дури и во Хрватска (дури, поради тоа што Хрватите и не прифаќаат туѓи пеачи).
Воа малце оф топик ке биде, ама не треба дотолку да им се лижиме, да им пеат на српски, или пак да учествуваат во емисија и да зборат српски. Според мене тоа не е баш правилно. Кој балкански пеач дошол у Македонија и да пее или збори македонски? Никој.
Мислам дека ме свативте шо сакав да кажам, инаку напред Тошка, и ишишај се шо побрзо :pos2:
 
А му фрлале гаќички од публика?:vozbud:
Шала на страна, според мене Тоше дефинитивно е најдоброто од македонија (барем што се однесува до музиката)
 
Delux напиша:
Навистина секој успех на Тошка е за поздрав,и треба сите да го поздравиме тоа...ми се допаѓа како пее,има високи гласовни способности,само мислам дека треба малку да поработи на сценскиот настап,да покажи свој стил.
Зошто еднаш на ТВ го гледав концетот во Бугарија...тогаш го извади срцето од кошула и го фрли кон публиката,е тоа го прави само Рики Мартин и Тоше...кој кого го емитира незнам:)

Пак има некој напредок и со сценскиот настап,памтиш кога ја започна кариерата скрос здрвен беше
 
напредок има во секој поглед, и тешко дека некој во блиска иднина ќе му се приближи- во секој поглед!

Т О Ш Е :vozbud: Т О Ш Е :vozbud: Т О Ш Е :vozbud:
 
Најдоброто од Македонија... а ние што имаме па едни пеачи, од добар подобар, конкуренција ипол...незнам дали има некоја држава со по бедна музичка сцена.
 
не ги слушам неговите песни, ама сепак го поќитувам како личност, свака му част на Тоше. Си се родил чоекот со ѕвезда на челото, и си успеа. :)
 
ZIKS напиша:
не ги слушам неговите песни, ама сепак го поќитувам како личност, свака му част на Тоше. Си се родил чоекот со ѕвезда на челото, и си успеа. :)

Со крст на челото е брат Тоше е Влаше:bilokojzbor-:pos2::bilokojzbor: али сепак респект манга и пол е нека тера само нека знаат другиве народи кој им даде и кој има дава музика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom