USB модем

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Ме интересира дали има во некоја продавница низ републикава усб модем сличен (според намената, не мора да биде според изгледот) како оној на T-Mobile кој го даваат со web n' walk? Прашав во T-Mobile и ми кажаа дека не го продаваат посебно, туку го даваат бесплатно само со договор на 24 месеци а јас сум заинтересиран само за периодично користење односно на припејд.
Јас се отепав барајќи и не успеав да најдам. Се надевам некој ќе помогне.
 
според некои "недоверливи" информации во тој усб модем има сим картичка, принципот на применик за интернет работи исто како на мобилните преку General Packet Radio Service.

allo фиксната телефонија, космофон - ставаат сим картички од мобилни телефони во фиксните. :D
 
Да, во тие усб модеми се става сим картичка, ама чудно ги нема никаде за продажба туку секаде се даваат со договори на одредено време (најчесто 24 месеци). Сепак ако има некој некаква информација, нека каже :)
 
баш таков усб модем за ГПРС во моментов не се продава освен на договор преку т-хом или т-мобиле беше.

додека космофон и ти мобајл имаа пцмциа картичка што работи на истиот прицнип:
113782_detailed.jpg


муката беше што - 3-4000 денари беше картичката со сим + 30денари еден мб.
ама стабилност и брзина лудило.
 
Јас сум согласен донекаде и 3-4000 да дадам за таква картица, дека сега имаат пакет од 1 гига проток на податоци за 530 денари со ДДВ. Ама дали ја продаваат уште?
 
Не се лутам јас и иронично да беше напишано :icon_lol:
Поентата ми е дека не планирам да си го сменам моменталниот редовен интернет провајдер за ваква солуција. Сакам да користам интернет на некои места кадешто нема вифи (рака на срце, Македонија не врие од отворени вифи конекции) а ти треба интернет ептен у зорт.
Токму затоа и не сакам да направам договор на претплата со т-мобајл, нема да ми треба секогаш таков интернет, туку ќе ми треба на одредени места во одредени околности.
 
И јас сум заинтересиран за ваква работа. А не може со телефон кој поддржува ГПРС и има опција за поврзување преку лаптоп како модем? Јас имам успеано со нокиа 6230и и со 9500-комуникаторот. Само сега нешто не ми проработи со 6239и-то, не знам зошто. А со комуникаторот успеав. Иначе тоа се прави преку Nokia PC suite програмот.

Е сега, прашањето ми е дали има опција без усб модемот, да земам пакет од 1 гига за само еден месец (? И ако има, дали некој знае некој програм за лимит на трафикот, оти не сакам вистата да си прави автоматски апдејт дури сум на ГПРС, оти отидоа парите :)

А супер опција, за адхок интернет дури си излезен, а и не се скапи пакетите. 1гб е сосема доволно. Мада и помала работа ќе заврши пошто само за меил/чат би користел, не за симнувања и др.
 
И јас сум заинтересиран за ваква работа. А не може со телефон кој поддржува ГПРС и има опција за поврзување преку лаптоп како модем?
Може, ама телефонот на кој го можам тоа ми е ставена постпејд картичката. Не сакам на тој број да ја активирам услугава бидејќи нема да можам да контролирам дали сум ги потрошил гигабајтите, плус, тоа е веќе сосема нов пакет на кој минутите ми се многу поскапи од сегашниот. Затоа сакав картичка на модемчево припејд да му ставам, му ја активирам услугата и нема кредит повеќе за да го надмине лимитот. Кога ќе ми притреба, пак му ставам една 590ка кредит, му ја активирам услугата, и цепам натаму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom