- Член од
- 28 ноември 2011
- Мислења
- 246
- Поени од реакции
- 106
- Возраст
- 45
Тие се дефинитивно „круна на слатките“. Научни експерименти докажано е дека урмите содржат стимуланси кои ги зајакнуваат мускулите на утерусот во последните месеци од бременоста. Ова го помага ширењето на утерусот во моментот на породувањето од една страна и намалување на крварењето по породувањето од друга.
Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремени жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помага породувањето.
Диетичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести.
Пратеникот (с.а.в.с) го нагласил значењето на урмите и нивната ефективност при растот на фетусот. Исто така препорачал да им се даваат на жените.
Храна и медицина за децата
Урмите содржат природен шеќер кој лесно се апсорбира и вари, така, тој е безбеден и погоден за стомакот и цревата на децата. Сокот од урми е посебно корисен доколку го мешаме со млеко при што станува уште похранлив и обновувачки пијалок за деца и возрасни. Мешавина на урми и мед се користи во третирање на дијареа и дизентерија кај децата но треба да се зема три пати на ден.
Оваа мешавина исто така ги зацврстува непцата во текот на растење на забите.
Овде треба да ја напоменеме традицијата на Пратеникот (Ал Тахнеек) т.е триење на непцата на новороденчето со добро изџвакана урма и хранењето со неа. Науката потвдрила дека давањето на шеќер растворен во вода го обезбедува детето, новороденчето со потребната хранливост и го подобрува нивниот имунитет.
Бидејќи знаеме дека шеќерот во урмите најлесно се апсорбира и вари, затоа е најпогоден за хранење на новороденчиња но урмата треба да биде добро изџвакана или натопена во вода за да полесно ја прими новороденчето. Ова докажува дека Пратеникот Мухамед (с.а.в.с) ги надминал денешните доктори во ваквиот начин на хранење. Тоа не е чудо, бидејќи тој е Божји Пратеник.
Ефективна терапија за тврда столица (констипација)
Урмите се користат при проблеми со варењето и со цревата и воедно помагаат во поефективно извршување на нивната функција. Тие се користат и при констипација. Тие треба да се потопат во вода преку ноќ и да се консумираат следното утро откако ќе се направи убав сируп.
Лек за сексуална ослабеност
Сирупот од урми служи и како лек против слабо срце. Како и за терапија на сексуална истоштеност. Кога ќе се помеша со млеко и мед, урмите може да служат како тоник за третирање на сексуална немоќ за двата пола, а таквиот сируп го зајакнува телото и го покачува нивото на енергија.
И постарите ќе се окористат од овој сируп бидејќи истиот ја подобрува кондицијата и го ослободува телото од токсините акумулирани во клетките низ годините.
Идеална храна за оние што постат
Многу е чудно што докторите од западот кои ги лекуваат своите пациенти преку постот ги советуваат да го користат природниот шеќер содржан во овошјата и вода кога го прекинуваат постот. А кога ние знаеме дека урмите содржат висок степен на таков лесно-апсорблив шеќер оттука урмите и водата се најдобрата храна за постачот.
Да се потсетиме на хадисот од Пратеникот (с.а.в.с): „Кога некој од вас ќе престане да пости треба да јаде урми, бидејќи урмите се благослов, доколку не најде урми тогаш да се напие вода бидејќи водата прочистува“ (пренесен од Ебу Давуд). Оттука можеме да видиме дека Пратеникот (с.а.в.с) ни ги покажал принципите на ефективното постење, со јадење урми и пиење вода за доручек т.е пред да се започне постот, векови пред Западот.
Мудроста на Пратеникот во ваквото консумирање на урми може да е намалувањето на чувството за глад а последователно и намалување на количината на консумираната храна; така, постењето би било ефективно и корисно. А ако се потсетиме дека постењето е најдоброто оружје за исфрлање на токсините од телото, тогаш јадејќи урми (toxin - restive) кога го завршувате постот претставува најефикасен трeтман против слабост и истоштеност како резултат на акумулираноста на токсични хемикалии и тешки метали во клетките на телото.
Урмата губи 1/3 од сопствената содржина на вода кога се суши на сонце. Сушените урми содржат висок процент на природен шеќер, оттука тие се најдобра храна за постачот
Лечење на дебелината
Широката разноликост на хранливи елементи во урмите ги прават да заситуваат! Кога знаеме дека причината за дебелината е постојаното чувство на глад и апетит за храна што го тера човекот да конзумира поголеми количини на масти и шеќер. Така, лечењето со користење на неколkу урми кога се чувствувате гладни помага во намалувањето на гладта и се чувствувате полни. Урмите ќе го обезбедат телото со потребниот шеќер и ќе го стимулираат интестинот кој го намалува гладот и консумацијата на храна. Хадисот на Пратеникот вели: „Куќа во која има урми не чувствува глад.“ (Муслим)
Можеме да заклучиме дека урмите можат да се користат како третман против дебелеењето.
Лек против воспаленија
Урмите се лек за џигерите и ги ослободуваат од токсини, со прекинување (завршување) напостот со урми, е најчудесниот природен лек за одржување и ослободување на џигерот од акумулираните токсини. Исто така пиејќи сок од урми се користи во лекување на суво грло, различни типови на треска, ринорхија (нос што тече) и настинка.
Лек против затруеност
Урмите се одличен лек за алкохолна предозираност. Во такви случаеви, пиењето вода во која свежи урми се истружени или потопени и носат брзо олеснување. Да споменеме еден од хадисите на Пратеникот: „Кој изеде 7 стиснати урми наутро нема да може да биде зафатен од сихр(магија) или од труење тој ден“ пренесен од Ебу Давуд.
Ако подлабоко го разгледаме хадисот од медицински аспект, можеме да ја уочиме неговата извонредност:
1) Пратеникот (с.а.в.с) го кажал бројот 7. Овој број има значење во универзумот, Куранот и во традицијата на пратеништвото. Доволно е да се знае дека првиот број споменат во Куранот е бројот 7.
2) 7 урми, приближно тежат 70 грама што обезбедува доволен внес на широк опсег на минерали, соли и витамини за телото.
3) Оваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите; како и тешките метали, оловото на пример. Таложењето на токсини во денешно време се накачува како резултат на широкораспростанетото загадување на водата, воздухот и храната.
4) Хадисот јасно укажува на токсините кои влегуваат во телото (како отрови). Тоа исто така укажува дека јадењето урми ја намалува опасноста таквите токсини да му наштетат на телото.
5) Што се однесува до зборот сихр (магија), само Аллах знае што мислел со тоа.
6) Хадисот не подразбира дека земањето отров после јадење на седум урми ќе ја поништи неговата штета, всушност правејќи го тоа намерно се смета како саможелно повредување а тоа е забрането во исламот. Мораме да сфатиме дека хадисот означува дека јадејќи седум урми секое утро се редуцира штетниот ефект на загадувачите. Со цел да се направи процесот поефективен, треба да се одржува постојаноста на јадење 7 урми наутро. А од хадисот се разбира дека јадењето урми секој ден и во одредено време ќе влијае позитивно на нашата психичка стабилност, а само Аллах ја знае вистината.
Драг вернику, ако се чувствуваш слаб, не се двоуми туку земи 7 урми наутро како што препорачал Пратеникот (с.а.в.с). Тие седум урми тежат околу 70 грама, па ако ги земеш автоматски примаш 70 мг калциум кој е добар за коските, зглобовите и нервите, 35 мг фосфор кој е храна за мозокот и 7 мг железо кое ги зајакнува телото во целина а особено срцето.
Исто така се погодни во намалување на тежината бидејќи содржат 0,25 г масти. Така, ако страдаш од дебелеење, тогаш овој оброк е погоден за тебе. Оваа храна ja регулира и стимулира работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи.
Мерјем (Дева Марија), мајката на Иса а.с јадела урми кога почувствувала породилни болки и за време на породувањето. Аллах џ.ш во Куранот, во сура Мерјем вели: „и породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма...“ (23), ...„и мелекот кој беше подолу од неа, повика: „Не жалости се, Господарот твој даде подолу од тебе, поток да потече. (24), „Затреси го палминото стебло, и по тебе ќе паднат урми свежи, (25), „јади и пиј и биди весела.“ (26).
Современите Диететски Институти денес ги препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни. Пратеникот (с.а.в.с) исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем.
Аиша р.а, жената на Пратеникот (с.а.в.с.), препорачувала урми за оние кои страдале од вртоглавица. Добро е познато дека падот на нивото на шеќер во крвта и нискиот крвен притисок се меѓу причинителите на вртоглавица. Исто така е забележано дека таа ги комбинирала урмите со краставица заради својата слабуњавост. Таа рекла: „тие ме задебелуваа давајќи ми се. Но не станував дебела. Потоа тие ме задебелуваа заедно со краставица и зрели урми и тогаш добивав на килажа!“ Аиша била навистина во право, бидејќи знаеме дека 1 кг урми содржи приближно 3 000 калории кои се доволни за снабдување на минималните дневни потреби на активен маж за еден цел ден.
Урмите го одржуваат и здравјето на очите. Многу се корисни против ноќното слепило. Во раните години на исламот, урмите се служеле како храна за муслиманските борци. Тие ги носеле во специјални торби обесени настрана. Тие се најдобар стимуланс на мускулите па така и најдобра храна за борец кој самошто не влегол во битка.
Пратеникот (с.а.в.с.) понекогаш ги комбинирал урмите со леб. Понекогаш мешал зрели урми и краставица, или урми со течен путер. Тој ги користел сите видови на урми но ја преферирал врстата Aџва.
Па, зарем нема да кажете ДА на советот од Пратеникот?!
Преземено од www.povikkonvistinata.org
кој да оди до бензиска ако има :/