Училишни автобуси и во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата КвикСилвер
  • Време на започнување Време на започнување

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.549
Поени од реакции
5.857
Локација
Haunted Hayride
Веб-сајт
misterijamk.blogspot.com
Училишни автобуси за 23 општини


Дваесет и три општини во Македонија ќе добијат по еден автобус за превоз на ученици од основното и средното образование како донацијата од НР Кина.

teuta-koce500.jpg

Договорите за доделување на 23-те училишни автобуси денеска во Владата ги потпишаа вицепремиерката за европски прашања и национален координатор за странска помош Теута Арифи и претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа Коце Трајановски.
- Потпишувањето на Договорот доаѓа во важен момент за нас зашто успехот на реформите подразбира посветеност, но и капацитет и знаење на што обрнуваме особено внимание. Образованието и вложувањето во младите генерации е врвен приоритет на Владата и мисија во чија реализација работиме заедно со нашите билатерални партнери и пријатели, истакна Арифи.
Реализацијата на ваквите проекти, додаде, зборува за целосната фокусираност на Владата кон конкретни и видливи резултати, како и за отворената соработка меѓу централната и локалната власт.
Според Трајановски, донацијата од Кина доаѓа во вистински момент, кога поголем број општини се соочуваат со недостиг на средства за надоместување на патните трошоци на учениците во поголем средни и основни училишта.
- ЗЕЛС и Министерството за образование и наука во изминатиот период посветија големо внимание за изнаоѓање адекватни решенија за санирање на овој предизвик. Затоа обезбедувањето на овие 23 бесплатни училишни автобуси и нивната распределба во засега најкритичните реони е значаен позитивен искечор во овој правец, рече претседателот на ЗЕЛС.
Берово, Битола, Куманово, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Ресен, Маврово-Ростуше, Врапчиште, Пехчево, Прилеп, Ранковце, Свети Николе, Штип, Липково, Теарце, Желино, Студеничани, Сарај и Радовиш, се општините каде ќе се доделат овие 23 училишни автобуси.
avtobusiii-5000.jpg

Трајановски потсети дека пред одреден период Владата донираше 10 училишни автобуси за руралните средини од кои еден беше наменет за Градот Скопје, за децата со посебни потреби. Како резултат на обновувањето на автобускиот возен парк, во Скопје, со одлука на градскиот Совет, 39 користени автобуси во периодот ноември-декември минатата година беа распределени по општините кои изразија интерес за добивање вакви превозни средства. Се очекува, информира Трајановски, Советот на Градот наскоро да одобри и нова донација за уште 40 користени автобуси кои исто така ќе бидат распределени по општините.
- Сите локални власти ги подржуваат активностите на Владата и МОН насочени кон обезбедување поквалитетно образование и во тој контекст правиме посебни напори за адекватно спроведување на префрлената надлежност. Нашите општински служби се залагаат за обезбедување што поадекватни услови за настава, а тоа воопшто не е лесно ако се има предвид дека повеќе од 30-ина години, пред почетокот на децентрализацијата, вложувањата во училиштата беа сведени на минимум, подвлече Трајановски.
Училишните автобуси пред се, ќе бидат наменети за руралните средини. Производител е кинеската компанија „Јутонг“, која ги направи и двокатните автобуси за јавниот превоз во Скопје.
Автобусите се обезбедени со грантови во вредност од 1 милион евра. Имаат жолта боја и по 35 седишта. Претставникот на „Јутонг“ Патрик Јанг, тогаш информираше дека за овој проект компанијата била избрана на јавен тендер во Кина и дека пресудно било тоа што ги исполнувала нагласените услови - автобусите имаат заштитни автоматски врати, противпожарен апарат и сигурносен појас за секое седиште.
Имплементатор на проектот во Кина е националната корпорација за економска соработка со странство, а во Македонија е спроведен во соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ и Амбасадата на Кина во Скопје.

Извор: http://kurir.mk/makedonija/vesti/62873-Ucilisni-avtobusi-za-23-opstini
 
Кур ќе скршат општините со по еден автобус. Тие нека им платат на автобусите кои досега ги превозуваат учениците, во Битола штрајкуваат.
 
1. Веста е стара
2. Кинеската донација од 23 училишни автобуси предизвика околу 500 илјади коментари со гнев и потсмев на интернет мрежите, зашто донацијата била апсурдна кога децата во Кина се возеле со евтин превоз ....
3. http://forum.kajgana.com/threads/45190

ретардирана нација сме, треба малку читање пред брзање.
 
Кур ќе скршат општините со по еден автобус. Тие нека им платат на автобусите кои досега ги превозуваат учениците, во Битола штрајкуваат.
1.500.000 euro, неплатени во период од 10 месеци :eek:
 
Konecno i nie ke se modernizirame ama se cudam koj ke im stavi nafta na tie avtobusi i koj ke plaka se e dzabe samo ke si sedat na parking zs nemaat pari ucilistata a i opstinite ova e smesno a pak sa decata so posebni potrebi hahaha kakvi gluposti niv pa nikoj ne gi poglednuva ete toa e realnosta
 
Mожеа сите да бидат наменети за општини со послаба инфраструктура и помал број жители,а со потреба за транспорт на подолга километража.Ете како Маврово - Ростуше, поголемиот број средношколци се во Дебар/Гостивар/Струга и основците одат во правец од помали кон поголеми села на училиште.Само не знам кои побрзо би го пренесле, со оглед дека распоредот на настава е со почеток во исто време.

Да не зборвам ете на пример за Битола, Велес, Куманово, Прилеп со поголем број средни школи...значи општините како Маврово-Ростуше; Крушево/М. Брод/Ресен/Д. Хисар (пола средношколци им се во Прилеп и Битола); Пехчево/Берово/М. Каменица (средношколци во Делчево/Кочани/Штип) итн. да добијат по 3-4-5 возила па да видат некаква придобивка.Овие возила по едно во општина, кај и да е ќе завршат во локалните превозници добри со локалните градоначалници.Интересно, од сите општини со поклон возила, само Куманово е со опозициски градоначалник.
 
Веста ме очуди! Не сум мислел дека училишниот автобус не е нешто ново за МК.
avtobus.jpg
 
уште да ги стават за основни училишта на растојание од 30 метра -.-

Знам имаше порано во волково автобуси, ама незнам сега дали уште постои
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom