Учењето е добра работа и не запира со завршување на школо ии факултет. Промени и новитети има во се побрзи циклуси па нормално е „да учиме“ цело време.
Иначе самото прашање е погрешно поставено. Цело време „учиме“ барем пасивно а подобро би било и активно без оглед на што. Прашањето е поставено колку тоа учење може да го монетаризираме значи да живееме од тоа.
Порано линеарно учење школо - факс беше до некаде гаранција за не физичка работа. И тогаш можеби и подобро заработувале. Ама денес нит е гаранција ни па значи дека подобро се заработува.
Друг член спомна, платите ако си со завршено високо образование се во просек повисоки него без. Значи вреди да се учи. Проблем е што често дипломите се земени без знаење односно учење. Има и непродуктивни предмети кои се учат од лична сатисфакција а не дека се барани.
Пазарот е таков дека ако си добар во тоа што работиш и како занаетџија можеш да живееше добро. Ако си самостален или со своја фирма, не мора ни голема да е.
Има друг проблем тоа е академизацијата. Мислам прашањето повеќе цели на тоа. Се поголем процент од работоспособниот народ е со академски образование па испаѓа дека тоа не е нешто посебно.
Во приватниот сектор сепак на повисоките позиции се претежно луѓе со високо образование. Значи шансите на крај се поголеми. Од друга страна има една заблуда а тоа е дека ако си шеф или раководител, нема потреба да работиш. Напротив што повисока позицијата и одговорноста - повеќе работа.
Едно само да кажам за тие што купуваат дипломи: мене би ми било срам со таква диплома да се пофалам
Така да, треба да су учи и младите да се мотивираат. Покрај знаењето и други вештини ќе научат. Гаранција за друго нема, само шансите си ги подобруваат.