Убиството во Христијанството

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrej761
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 март 2012
Мислења
12
Поени од реакции
1
Возраст
35
Ете мене конкретно ме интересира за убиството во Христијанстовото,како тоа се смета,дали може да е оправдано во некои случаеви бидејчи еден од божјите закони гласи НЕ УБИВАЈ.Мене конкретно ме интересира ете на пример во услови кога се брани државата или пак дали е оправдано да се убие еден човек за да се спасат други 100 на пример :)
 
Може да ја затворам темава со една реченица?
Убиството не е оправдано. Во ниту една религија. Во ниту една филозофија. Во ниту еден случај.
Освен законски, каде што има случаи во кои убиството може да биде оправдано, никој човек со здрав разум не би оправдал убиство. Ако некој вели поинаку, во овој век, тогаш треба под итно да биде испратен во душевна институција.
 
Не смееш да убиваш.И да те убијат,твоето семејство мора да се помири со тоа и да понуди уште еден член да го убијат.Оти такво е христијанското учење,љубов,опростување,вртење на левиот образ итн.
 
Зарем полицаецот во Гостивар требаше да дозволи да му настрада неговата ќерка ? или пак во 2001 ич да не се боревме и да бевме испозаклани како зајци..
 
Имам видено слики од 2001 македонски војници каде што бакнуваат крст кој го држи поп.
 
Може да ја затворам темава со една реченица?
Убиството не е оправдано. Во ниту една религија. Во ниту една филозофија. Во ниту еден случај. Освен законски, каде што има случаи во кои убиството може да биде оправдано, никој човек со здрав разум не би оправдал убиство. Ако некој вели поинаку, во овој век, тогаш треба под итно да биде испратен во душевна институција.


Значи ова прашање е повеќе етичко од колку религиозно.Ете ке повторам Зарем полицаецот во Гостивар требаше да дозволи да му настрада неговата ќерка ? или пак во 2001 ич да не се боревме и да бевме испозаклани како зајци.. по твоето мислење сите војници и полицајци треба да се во болница ако добро разбрав :)
 
Религиите се многу контрадикторни, пример: ако еден човек стои до командна табла, со раката врз командното копче кое треба да испали 345 нуклеарки насочени кон најнаселените градови во светот, а ти стоеш до него со пиштол во рака, дали ќе го убиеш?

1..Ако го убиеш и спасиш милијарди невини чеда, гориш во пеколот.....си прекршил божја заповед..
2. Ако не го убиеш и дозволиш да бидат испукани нуклеаките, загинуваат милијарди луге, си направил добро дело...шансите за рајот ти се поголеми...

images
 
Една од десетте божји заповеди е НЕ УБИВАЈ. Сепак постојат убиства во самоодбрана, убиства во војна, убиства од небрежност. Конкретна заповед се однесува на тоа да не убиваш со намера и умисла. на повеќе места во Библијата се укажува на начини да се избегнат насилства односно смртни закани. Библијата не учи да го сакаме и почитуваме животот но никаде не забранува убиство во самоодбрана. Библијата треба да се гледа пошироко од тоа што содржи една реченица извадена од контекст.
 
Може да ја затворам темава со една реченица?
Убиството не е оправдано. Во ниту една религија. Во ниту една филозофија. Во ниту еден случај. Освен законски, каде што има случаи во кои убиството може да биде оправдано, никој човек со здрав разум не би оправдал убиство. Ако некој вели поинаку, во овој век, тогаш треба под итно да биде испратен во душевна институција.
Поооо логика. Не е оправдано освен каде што може да биде оправдано.
BTW Убиството не само што е оправдано, туку е и препорачано во Библијата.
 
Хехе УБИСТВОТО ПРЕПОРАЧАНО ВО БИБЛИЈАТА ????
 
Една од десетте божји заповеди е НЕ УБИВАЈ. Сепак постојат убиства во самоодбрана, убиства во војна, убиства од небрежност. Конкретна заповед се однесува на тоа да не убиваш со намера и умисла.

Не, таму убаво си пишува „НЕ УБИВАЈ“ ни помалку ни повеќе, значи не убивај дури и ако бидеш убиен, тој што те убил ќе гори во пеколот, а ти ќе лежариш во рајот.....божја волја.
Ако сите ние тоа си го преведеме како што ни одговара, или во зависност од ситуацијата измислуваме правила за убивање....тоа не значи дека ќе се спасиме од пеколот........
 
препорачано е претежок збор :-) Убиството треба да се избегнува, односно исто како што имаме прифатено во нашите земни закони - прифатливо е само кога твојот живот е во непосредна опасност.
 
Хехе УБИСТВОТО ПРЕПОРАЧАНО ВО БИБЛИЈАТА ????
На пример овде,
Ако некој би се спротивил дрско и не би ги послушал ни свештеникот, кој стои таму за да Му служи на Господа, твојот Бог, ни судијата, тој човек нека биде погубен. Така ќе го откорнеш злото од Израел,
Кој ќе ги проколне татка си или мајка си нека биде погубен.
И така, држете ја саботата, зашто е таа света за вас. Кој ќе ја онечисти, нека биде погубен; кој ќе работи во неа каква и да е работа, нека биде отстранет од својот народ.

Шест дена нека се вршат работите, ама седмиот ден нека биде ден на целосен одмор, посветен на Господа. Кој ќе обавува некаква работа во саботен ден, нека биде погубен.
 
Не, таму убаво си пишува „НЕ УБИВАЈ“ ни помалку ни повеќе, значи не убивај дури и ако бидеш убиен, тој што те убил ќе гори во пеколот, а ти ќе лежариш во рајот.....божја волја.
Ако сите ние тоа си го преведеме како што ни одговара, или во зависност од ситуацијата измислуваме правила за убивање....тоа не значи дека ќе се спасиме од пеколот........
Не сум експерт за Библијата а ме нервира кога некој се прави дека е. А вообичаено експерти се прават тие што не веруваат или пак се од друга вера. Користи ја и својата логика, денес сме 21 век па да постои такво толкување на некоја вера за некоја година ќе ги истребат сите припадници на таа вера а не пак пред 21 век.
--- надополнето: 5 март 2012 во 12:29 ---
На пример овде,

И правете разлика од Стариот и Новиот Завет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom