Уапсени 37 вработени во „Боинг“ за продажба на дрога

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Уапсени 37 вработени во „Боинг“ за продажба на дрога


Свет | 30 септември 2011
Aгентите на американското ФБИ уапсија 37 луѓе во рација за дрога во фабриката на „Боинг" во Филаделфија, „Ридли Парк", која произведува воени авиони.
uapseni-37-vraboteni-vo-boing-za-prodazhba-na-droga-57877.jpg
„Боинг" претходно бил предупреден за можноста од постоење на дилерска група составена од нивни вработени. Менаџмент потоа го поканил ФБИ да направи истрага, а нивни агенти одреден период минале како работници во фабриката. Уапсените дилале и купувале и нелагални дроги, но и такви кои можат да се купат со лекарски рецепт.
Државниот обвинител на САД, Зејн Дејвид Мемегер изјави дека, по четиригодишна истрага, уапсени се 23 лица кои го продавале лекот за болка кој може да се добие само на рецепт, Oxycontin, како и други илегални лекови, а 14 се обвинети за продавање на дрога. Сите се или сегашни или поранешни вработени во фабриката.
„Истрагата беше водена не само против оние кои продавале, туку и против оние кои употребувале дрога или забранети лекови, поради чувствителноста на нивните работни места при производството на воени авиони", рече Мемегер.
„Боинг" вработува преку 6.000 луѓе во фабриката, каде што се произведуваат авионот со вертикално полетување „В-22 Оспри" и хеликоптерите „Х-47 Чинок".
Портпаролот на „Боинг" по рацијата изјави дека во текот на целата истрага, менаџментот се погрижил осомничените да не бидат поставени на позиции кои би можеле да ја загрозат безбедноста на леталата.

ИЗВОР: http://kajgana.com/uapseni-37-vraboteni-vo-boing“-za-prodazhba-na-droga
 
Не сакам да звучам претензиозно, но нели е глупо да се отвара тема за вест која веќе ја има на кајгана вести ?
па и цела една тема да се отвара околу тоа ?
 
Не сакам да звучам претензиозно, но нели е глупо да се отвара тема за вест која веќе ја има на кајгана вести ?
па и цела една тема да се отвара околу тоа ?

Па и други вести има на Кајгана вести итн, па се отвараат теми...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom