deXterche
тадаммм
Иран го хакна Твитер
Ирански хакери успешно го нападнаа социјалниот сајт Твитер, комплетно му го променија интерфејсот и неколку часа го направија недостапен за 30-те милиони корисници.
"Сајтот е хакнат од Иранската сајбер армија," стоело на фиксираната слика, каде покрај пораката и имеил адресата на хакерите, имало развеано зелено знаме.
Со напад на Системот на имиња на домени, слично како кај телефонската централа, наместо до серверот каде што се наоѓаат содржините на Твитер, системот ги пренасочувал корисниците до страната која ја креирале напаѓачите.
"САД мислат дека го контролираат интернет пристапот, ама не е така. Со нашата моќ, ние го контролираме и менаџираме интернетот, па не се обидувајте да ги 'подбуцнувате' Иранците," стои во пораката на ново персиски јазик.
Откако била отстранета сликата и Твитер продолжил со работа, на страницата се појавило кратко соопштение според кое системите на сајтот биле компромитирани на кратко, но дека сега сè е во ред.
"Твитер ги бара причините за нападот и наскоро ќе излеземе со повеќе информации," завршува соопштението на главните луѓе на Твитер.
Конфузно било тоа што пораките очигледно биле анти американски, но со зелено знаме во позадина. Оваа боја беше симбол на протестите по претседателските избори во Иран, кога Твитер помогна во организацијата на реформаторското движење во оваа земја.
Он нет