Мистичен
Човек
Каматните стапки на кредитите што деловните банки ги пласираат на стопанството и населението почнаа да се намалуваат. Во насока на прогнозите дека каматните стапки ќе почнаат да се намалуваат прва повлече нога Тутунска банка-Скопје. Ваков потег на банкарите и се очекуваше по неодамнешната одлука на Народната банка на Македонија со која тргувањето со благајничките записи од минатата среда се одвива преку тендер, со затворени понуди, во ограничен износ, без однапред позната и утврдена камата како што беше досега. Високата камата од 10 отсто и сигурноста на пласманот во записите беа причина што банките голем дел од парите ги врзуваа токму за овие хартии од вредност. Во моментов во записи се депонирани дури 7,4 милијарди денари.
На вчерашната аукција побарувачката за благајничките записи беше поголема од понудата на Централната банка, односно понудени се 1.250.100.000 денари, а се побаруваа 1.319.000.000 денари. Минималната каматна стапка падна на девет отсто, максималната достигна 9,95 отсто, а просечна се уште држи висока позиција од 9,82 проценти.
Тутунска банка-Скопје која од овој месец ги намали каматните стапки на неколку видови кредити.
Кај класичниот станбен кредит, каматните стапки од вчера се спуштени од досегашните 11 проценти на годишно ниво на 8,9 отсто. Максималниот износ на овој заем е 75.000 евра, а рокот на отплата е до 15 години. Ако корисникот депонира една третина од износот на кредитот како девизен депозит, каматната стапка на заемот се намалува на осум отсто. Каматата кај ненаменскиот кредит со хипотека, која досега изнесуваше 14,9 отсто годишно, е намалена на 12 проценти. Максималниот износ на овој кредит е до 20.000 евра, а е со рок на отплата до седум години. Ако клиентот депонира една третина од износот на заемот како девизен депозит, каматата се намалува на 10 отсто. Ваквиот чекор се очекува во наредните месеци да направат и другите банки во земјава. Оптимизам дека каматите ќе одат надолу доаѓа и од министерот за финансии Никола Поповски, кој неодамна изјави дека веќе во стартот на идната година можеме да се надеваме на намалување на каматите, потенцирајќи дека тоа е сепак во надлежност на НБРМ.