Tutorial:Што да правите кога телефонот ке ви падне во вода?

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Возраст
37
Локација
Usa
Веб-сајт
meettomy.site
фрлете го во канта...:pos2:

се зезам. Значи темава ја отварам во вистинско време, оти секое лето имам многу пациенти на кои телефоните им пагаат во вода додека се на море, езеро, базен. исто така летно време додека седат во кафичи им се истура сок, вода, алкохол и сето тоа.

Најризично е ако ви се истури газирано. Пивото и кока колата највеке ги разјадуваат елементите на телефонот.
Како и да е се е до среката...

Значи прво што треба да направите е да ја извадите батеријата, по можност да го отворите телефонот додека имаате соодветен алат и да го исушите со фен.
Значи не да го ставате на топло или дирекнто на сонце - тоа е многу погрешно.
би било препорачливо дисплејот и сите останати лесно-кршливи елементи да ги извадите додека е во процесот на сушење со фен, поради тоа што од топлина може да се расипе и дисплејот.
Следниот чекор е да се провери батеријата, во случај ако не ви пали телефонот има шанси течноста да дошла до контактите на батеријата, секоја течност е и минимален проводник на струјата што резултира на празнење на батеријата до минимум. преку 30% од случаевите кога ке им падне телефонот во вода прво што се уништува е батеријата па дисплејот.
Исто така би било препорачливо што побрзо да го однесете на сервис телефонот. Оти корозијата ги разјадува елементите со тек на време, отприлика нормално е до 2/3 дена... понатака шансите се многу помали, иако сум имал случаеви за помалце од 20 минути да настапи корозија и внатре плочата да е мувлосана со еден збор кажано ко да седела во шпајз со години и бил опкружен со влага.

Како и да е никако да не го ставате телефонот на полњач - од безбедносни причини за вашето здравје.

п.с. и уште еднаш - би било препорачливо и да ви падне телефонот во вода, и да го оживеете и се нормално да си работи, макар и да не го чистите или сушите пак да го однесете на сервис. Не е ништо страшно ако ви земат 2-300 денари за тоа што ке го стават во када и го премачкаат со флукс.

поставувајте прашања доколку има нешто неразбирливо во мојов пост.
 
Многу јасно... Директ в ѓубре.
Мене ми падна Сименс А 60... И одма вадам батерија правец во сервис. Го опраја поработе Х време и пак почна да се гуши. Па го поднапраја и одма на продажба. Го сменав за самсунг х600.
 
и уште нешто да напоменам. Ако има корозија веке настанато - 96% алкохол, четка за заби и почнете да чистите. После тоа со фен ке гледате да не биде премногу блиску плочата оти се развива доста висока температура и брзина на воздухот може да ви одлетаат некои делови.

п.с. Никогаш повеке телефонот нема да ви функционира како порано.
 
aaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa. panicete!:pos2:
 
Оживеј го макар и на кратко и на авто-пазар или во некоја мобилара кај што нема пак да се појавиш, продај го и да те нема.:vozbud:
 
Jane напиша:
Оживеј го макар и на кратко и на авто-пазар или во некоја мобилара кај што нема пак да се појавиш, продај го и да те нема.:vozbud:

да, само што ретко наидуваш на неискусни мобиларџии во последно време.
 
Necrophilia напиша:
да, само што ретко наидуваш на неискусни мобиларџии во последно време.
Па до сега имам однесено во мобилара да ги дадам или да го продадам или за замена околу 6-7 телефони и само ќе го разгледа колку е сочувана маската и толку. А камоли да гледа внатре каков е дали бил истурен со сок. Иначе само 2-3 пати имаат проверено ќе се јави кај некој да види дали работи. Што значи макета да им дадам нема да приметат:).
 
зошто за ова прв пат слушам? како прво телефонот ако имало исутрено и пред 4-5 месеци сок, пиво или вода - не мириса на техника туку на корозија, сок или пиво!
ми доагаат многу ташлаци да ми продадат телефони што им поминале низ слични работи и за да не мириса на сок го испарфемишале телефонот. И кога ке ги прашам зошто мириса така телефонот они ми ивкаат па у џеб дека ми седи и многу си стаам парфем кога искачам у град, и јас им викам идете на друго место да го продадете....
 
A ako padne vo WC solja? Sto togas?
 
Necrophilia напиша:
зошто за ова прв пат слушам? како прво телефонот ако имало исутрено и пред 4-5 месеци сок, пиво или вода - не мириса на техника туку на корозија, сок или пиво!
ми доагаат многу ташлаци да ми продадат телефони што им поминале низ слични работи и за да не мириса на сок го испарфемишале телефонот. И кога ке ги прашам зошто мириса така телефонот они ми ивкаат па у џеб дека ми седи и многу си стаам парфем кога искачам у град, и јас им викам идете на друго место да го продадете....
Е од лично искуство неам осетено како е да ми се истури нешто, а за миризбата не ми ни текна.:) Иначе да чукнам во дрво :uvo: фала богу до сега ми се нема десено такво нешто, па да правам далавери за да го шитнам.
 
најчесто на сервис кога ми доагаат телефони им кажувам на лугето дека истуриле кока кола, пиво или џус. поради тоа што сите тие се лепливи остануваат доста цврство на плочата.

Баш вчера Ејсид ме праша дали ми доагаат телефони паднати во WC шоља, јас му одговорив дека во последно време не примам телефони кои паднале во вода... иначе ми се има случено многу пати ама не ги сервисираме. Ако не преживее во када да се исчисти понатака не превземаме ништо - гадно е!
 
Како и да е никако да не го ставате телефонот на полњач - од безбедносни причини за вашето здравје.
Што е толку страшно?
 
CyberBop напиша:
Што е толку страшно?

моето најголемо искуство беше со моторола В3, падната во вода. Телефонот си палеше се нормално си работеше, само на екранот имаше капки и како најнормална процедура да ги проверам сите функции го проверувам и полнењето и во исто врмеме кога го ставив полњачот во струја и џекот во телефонот пукнаа и двата уреди ко петарда, моторолата на парчиња - башка што е метална, ко бомба се растури. :toe:
 
Паднат ми е мојот безброј пати во вода... Првиот пат не знаев шо како, и му го однесов на сервисерот комплет, нечепнат... ме кошташе 1300 да смени то шо беше сјебано. После ко ојдов да си го зеам телефонот, ми кажа дека одма батеријата треба да ја извадам, и да го расклопам и исушам со фен, и да не пробувам да го склопам туку да му го однесам него расклопен... и оттогаш секое паѓање во вода ме коштат 250-350 денари...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom