Туларемија демнее на Балканот

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Минатата недела на Инфективната клиника регистрирани се два случаи на болеста, додека пак Косово прогласи епидемија.
Одборот за превенција и сузбивање инфективни болести во Министерството за здравство на Косово прогласи епидемија од туларемија во државата и ги активираше сите теренски тимови за спречување на појавата на нови случаи.
Според приштински медиуми, од 1 јануари 2014 до 10 февруари оваа година пријавени се вкупно 206 случаи на туларемија. Трендот на пораст на инфицирани е регистриран во јануари 2015 година.

Досега не е регистриран ниту еден смртен случај од туларемија.

Болеста воглавно е регистрирана во централниот и источниот дел од Косово – во 19 општини со 88 жаришта. Најголем број заболени има во Вучитрн, Обилиќ, Србица, Призрен и Сува Река.

Минатата недела две жени од Скопје, од кои едната е од Арачиново, беа хоспитализирани на клиниката за инфективни болести. Причината за заразувањето најверојатно била храна контаминирана со измет на глодачи.

Што е туларемија?
Туларемијата е акутна инфективна болест од која заболуваат и луѓето и животните, а е причинета од бактерија. Ова заболување припаѓа на групата природножаришни инфекции.

Како се пренесува туларемијата?
Туларемијата е примарно заболување на голем број видови диви глодачи, кои се резервоар на ова заболување. Ги има над 100 во целиот свет, а од нив најзначајни се домашните и полските глувци, зајаците, стаорците, водените стаорци, вервериците, дабарот, ракунот, како и којотите, лисиците и многу други животни. Домашните животни поретко заболуваат, а природна инфекција е утврдена кај овци, мачки, кучиња и свињи.

Меѓу глодачите заболувањето се шири најчесто преку крлежите и вошките кои паразитираат на глодачите(поретко преку комарци, обади), како и преку загадени води и кал (инфицираните глодачи ги исфрлаат бактериите во надворешната средина преку мочта и фецесот).

Човекот може да се зарази од туларемија по сите познати епидемиолошки патишта на пренесување:

  • Контакт
Доволен е директен контакт на кожата или слузницата со ткива или крв на заразени животни при дерење, сечење на месо, подготвување на јадења или само допирање.

Лекување

Антибиотиците во потполност го изменија текот и прогнозата на ова заболување. Streptomycin иTetracycline се лекови на избор при третман на заболени од туларемија. Chloramphenicol-от исто така може успешно да го замени tetracyclin-от, како и еrytrocyclin-от и кинолоните. Како симптоматска терапија се користат аналептици, аналгетици, рехидратација и евентуално трансфузија.

Превенција

Во случај на епизоотија (појава на заболување кај глодарите или животните), во населбите треба да се спроведат соодветни агротехнички и санитарно-профилактички мерки, како и здравствена едукација и информирање на јавноста.

Луѓето треба да избегнуваат секаков контакт со крлежи за време на престој во природа и да употребуваат репеленти или друг вид на заштита (носење ракавици, чизми, заштитни маски), особено оние кои заради природата на својата професија или рекреационо почесто престојуваат во природа или ракуваат со животни и нивни продукти. Да не се допираат дивите глодачи и животни кои не бегаат од човекот, затоа што се болни. Да не се употребува за исхрана месо на дивеч (особено зајачко месо), ако е со сомнително потекло или ако се знае дека во моментот владее епизоотија, кога треба да се забрани и ловот на дивеч. Да се избегнува пиење и капење во води, за кои постои сомнение дека се контаминирани.

Најефикасна профилакса е примената на жива, антитуларемична вакцина, за лица кај кои постои висок ризик за зоболување од туларемија. Со давање на вакцината при епидемиска појава на ова заболување, епидемијата се прекинува за 10 – 15 дена од извршената вакцинација.

Вакцината остава солиден и долготраен имунитет, а во случај на потреба може да се спроведе и ревакцинација.


Извор: http://republika.mk/?p=385008
http://zdravstvo24.mk/2015/02/12/vo...orci-sto-e-tularemija-i-kako-da-se-zastitite/
 
Ова изглеа е апокалипса дојдена више, тука у Македонија, пошто мислам дека сите зла ни дојдоа. Не фали ни едно.
 
Ова изглеа е апокалипса дојдена више, тука у Македонија, пошто мислам дека сите зла ни дојдоа. Не фали ни едно.

За инает ќе не избегне нас и оваа апокалипса, за да трпиме уште полошо.
 
АХВ со препораки како да се заштитат граѓаните од туларемија

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), задолжително да ги пријават на ветеринар животните кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми.

Апелот е заради спречување на евентуално пренесување на болеста туларемија, од која во Македонија се регистрирани три заболени случаи, а во соседно Косово е прогласена епидемија.

Станува збор за болест опасна за луѓето, чии носители се стаорци (глодари), зајаци, но и други диви и домашни животни.

Туларемијата се пренесува преку директен контакт (допир) или ракување со мртви (угинати) животни кои се инфицирани, со каснување од инфициран крлеж, коњска мува или друг инсект, преку контаминирана храна и вода или со вдишување - преку инхалација со инфицирани аеросоли со бактеријата која предизвикува туларемија.

Првите симптоми кај луѓето кои вообичаено настапуваат за 3 – 5 дена се ненадејна треска и грозница, отечени и болни жлезди, главоболка, повраќање и дијареа, болки во мускулите и зглобовите, сува кашлица, малаксаност. Може да се јават и рани по кожата и устата, воспалено грло, отеченост и болка на очите или на жлездите на вратот, како и под пазувните жлезди.

Во подоцнежните фази болеста може да премине во пневмонија, проследена со недостаток на здив, дишење проследено со болка во градите и искашлување на крвав исцедок (шлајм).

Туларемијата не се пренесува од човек на човек.

Болеста може да ја пренесат и мушички, крлежи или комарци, а бактеријата предизвикувач на туларемија, може да опстане во почвата, водата или во угинатите животни и по неколку недели.

За заштита се препорачува спречување на касањето на инсектите со употреба на репеленти (средства против инсекти). Облеката да се испрска облеката со репелентно средство кое содржи перметрин. Се препорачува и често миење на рацете со сапун и топла вода особено по манипулација со угинати животни, консумација само на добро термички обработена храна и употреба да чиста, хигиенски исправна вода од проверен извор.

Согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, ловечките друштва, концесионерите на ловиштата и националните паркови се должни да ги испратат зајаците угинати во ловиштето на лабораториско испитување на болестите туларемија, хеморагична болест кај зајаците и миксоматоза. Трошоците за лабораториското испитување се на товар на Програмата за користење на средствата за здравствена заштита на животните.

Досега Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување за позитивен лабораториски наод за туларемија.



Извор:
http://kajgana.com/ahv-so-preporaki-kako-da-se-zashtitat-gragjanite-od-tularemija
 
Брате Сунѓере и ја чув за туларемијата. Aко случајно дојде туларемијата кај мене, ќе ја гаѓам со една тула и нема да ми може ништо :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom