Да така е, но не секој го дели нашето мислење !
На некого му е битен јазикот ист/сличен, но на некого му е побитна истата/слична религија, на некого пак може сосема други работи кои ги вреднува му се побитни !
Јас на пр. на прво место го ставам јазикот, штом некој го зборува мојот јазик(го има како мајчин), нормално дека сме од иста нација, без разлика на верата и.т.н.
Торбешите и Бошњаците на пр. зборат наш Словенски јазик, но по религија се Муслимани и затоа секогаш гледаат повеќе кон Турците, Арапите и.т.н. а помалку кон нас, иако сме на некој начин исти(братски народи т.е. ист јазик) !
Според сите светски принципи и дефиниции: нација, религија и политичка-идеологија се три сосема спротивни поими, па и расата исто така е сосема четврт поим !
Само неуките луѓе мешаат поими како на пр. нација и религија(т.е. ги врзуваат), јазикот првенствено ти ја определува нацијата,
додека пак религиската и политичко-идеолошката припадност немаат никаква врска со твојата национална припадност, јас на пр. сум Македонец по нација и мајчин јазик ми е Македонскиот, но можам да зборам и Англиски, Француски, Германски... но пак ќе бидам Македонец, а пак на која религија или идеологија и припаѓам, каков начин на живот и какви сфаќања имам тоа па нема никаква врска со мојата национална припадност !
Пак ќе повторам: нација, религија, политичка-идеологија, раса и сл. се сосема различни поими кои нетреба да се поврзуваат заедно !