Tropico

  • Креатор на темата Креатор на темата Auditore
  • Време на започнување Време на започнување
A

Auditore

Гостин
Барав насекаде тема за играва и никаде не најдов, сметам дека ваква игра мора да има посебно место на форумов.

Значи Тропико франшизата е креација на Haemimont Games и претставува симулација на градење град/остров и негово развивање.
Во играта главен сте вие под алијас El Presidente и сте избрани од народот, и со играње на кампањата добивате различни задачи да остварите, контролирате се што се случува на островот и треба да водите грижа буквално за се.
Еве едно клипче од ИГН и воедно трејлер за играта кое би требало да ја долови убавината и филозофијата на играва:

Јас лично кампањата сеуште ја играм бидејќи сум краток со времето а играва си бара посебно внимание и време, топло ја препочаувам за сите кои се фанови на стратегии во кои треба бојлерите да ги вклучат максимално, посебно за оние кои студираат економија и слично бидејќи ќе треба да го покажето своето знаење во бројните задачи низ кампањата.
Секако во играта не е вклучена само кампања, може да се игра и слободно градење поточно Sandbox, но тоа оставам на вашиот избор.
 
Колку бара РАМ и графичка?
Minimum System Requirements:

OS: Windows XP SP3 (32-bit), Vista / 7 (32 or 64-bit)

CPU: 2 GHz Dual Core CPU

Memory: 1 GB RAM

HDD: 5 GB free hard disk space

Graphics: Shader Model 3.0 (Geforce 6600 or higher, Radeon X1600-Series), 256 MB, DirectX 9.0c

Ако случајно неможеш да ја играш, симни ја Тропико 1, или 2, помалку бараат у глобала е се исто, само на секое ново продолжение има вклучено плус некои објекти за градење и друго.
 
2 GB RAM имам
Графичка интегрирана ASROCK PV 530 па се надевам ќе нема да кочи. :) Потсеќа на SIM CITY SOCIETES многу! :D
 
2 GB RAM имам
Графичка интегрирана ASROCK PV 530 па се надевам ќе нема да кочи. :) Потсеќа на SIM CITY SOCIETES многу! :D
Немај гајле ќе ти ја фати, плус ако случајно ти сецка на најака резолуција - намали малку, ќе пасува.
Иначе веруј дека вреди секој мегабајт симнат за играва, ремек дело е, секако зависи и до играчот и вкусовите, а тие не се коментираат.
Лично за мене, најдобра стратегија ever.
 
Немај гајле ќе ти ја фати, плус ако случајно ти сецка на најака резолуција - намали малку, ќе пасува.
Иначе веруј дека вреди секој мегабајт симнат за играва, ремек дело е, секако зависи и до играчот и вкусовите, а тие не се коментираат.
Лично за мене, најдобра стратегија ever.

Не фала на тебе што ме потсети, утре ја симињам одма луд сум по вакви игриии и нешто како RISE OF NATIONS I AGE OF EMPERES! ... :D
 
Прв и единствен дел што го играв беше Тропико3 и експанзијата и бев премногу навлечен.

Сега го имам симнато новиов дел 4ката ама неможам некако да се навикнам појма немам зашто, ама ќе биде :)

Ја препорачував оваа игра на сите што ги познавам, мане лично ептен ми се бендисуваат ваков тип на игри TROPICO посебно
пошо си има посебен хумор во играта, музиката во тројката беше супер, има толку многу работи што треба да ги правиш што ко ќе ја заиграш дури да сетиш поминале 3-4 саати, а па уште ко ќе неуспеев да ја завршам задачата на кампањата после 2 саати играње на пример морав одма уште еднаш да пробам и пак ошле фира уште 2 :eek:

во секој случај играва вреди да се проба за тие што немале досега прилика да ја играат
 
Јас ги играв сите делови, Тропико кецот сеуште ќе го помнам, имав пентиум 3ка али од послабите и ниедна игра освен оваа несакаше да прими, и цел ден ја играв, премногу бев навлечен.
Како одминуваа годините се повеќе и повеќе почнав да ја разбирам играта, бидејќи е сложена прилично, сега учам економско школо и веќе иде многу подобро, и економијата и развојот, па така и играта ми е далеку поинтересна.
Инаку до сега најдобар дел според мене е 4ката, ептен е упростена за разлика од предходните, има одлична кампања, голем број на избор на градби, политички системи, и друго.
 
Закон игра, ја играв минатата година, уште ми се мота низ глава нејзиниот саундтрак. :)

La rumba no canto mas. :)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom