Член на раководството
Форевер тугедер
- Член од
- 15 март 2006
- Мислења
- 698
- Поени од реакции
- 20
Прикаската за Исусовото раѓање ја нема кај Марко и Јован. За тој настан пишуваат Матеј и Лука, а од нив само Матеј ги споменува тројцата мудреци од истокот. За нив повеќе нигде не станува бор во евангелијата, но христијанството е полно со прикаски за нив. Дури и иако не се спомнати , носат и имиња Гаспар, Мелкиор и Балтазар.. Скаските за нив настанаа некаде во 5ти век НЕ, и од нив настанала “Ерменската книга за детството“ и “Арапската книга за детството“. Во Ерменската книга се споменува дека мудреците биле персиски кралеви и се споменуваат нивните имиња. “И брзо Ангелот тргна во земјата на персииците за да им порача на кралевите дека треба да тргнат на пат и да му оддадат почит на новороденето дете.“ Авторот на ова прикаска сигурно ја напишал под влијание на Псалмот 71. Во Арапската верзија, Марија им ја дава пелената на мудреците (кралевите) и тие кога се вратиле дома ја фрлаат во оган и таја не гори со што ја докажуваат божественоста на Исус. Во раното Христијанство се менувал бројот на мудреците (кралевите) На сликите во катакомбите некогаш ги има двајца некогаш четворица некогаш шестмина а кај Сиријците и Ерменците дури и па дваесетмина. Со тек на време беше прифатена бројката од тројца веројатно како преставници на народите кои потекнаа од синовите на Ное (Семон, Хамон и Јафет) Затоа и еден од кралевите е прикажан како црнец по Хамон (кој е прататко на црната раса). Таа прикаска толку добро фатила корен што божем посмртните останки на тројцата мудреци (кралеви) се наоѓаат во Келнската катедрала таму стигнаа по долгото патешествие од Персија во Цариград па Милано за на крај во 1161 да се најдат во Келн.