Ебати шупците македонски ебати....
„Елкос груп" од Косово за еден месец ќе започне да гради нов трговски центар во Штип
Петок, 12 Јули 2013 11:20
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев дене оствари работна средба со Рамиз Келеменди од Косово. Келеменди кој е сопственик на фирмата „Елкос груп" пред една година на лицитација купи околу 5000 м/2 градежно земјиште со цел изградба на нов трговски центар. Денешната средба имаше за цел да утврди до каде се работите околу издавање на градежната дозвола, со цел започнување на градежни зафати на новиот трговски центар.
- Според информациите од службите, до 31 јули ќе бидат издадени сите градежни одобренија. Тоа значи дека од идниот месец, „Елкос груп" веќе може да започне со градба. Штип ќе добие нов трговски центар, на одлична локација која ќе го заокружи целиот комплекс во населбата Сењак. Имено таму веќе се гради станбен објект, изградени се и социјални згради а наскоро, спроти локацијата за трговскиот центар, ќе се градат мултифункционални и повеќенаменски спортски терени од Агенцијата за млади и спорт. Тоа значи дека ќе имаме заокружен простор со секакви содржини а самиот трговски центар ќе вработи околу 100 штипјани. Наша определба е да бидеме брзи и функционални секогаш кога има инвеститор кој сака да гради и да отвора нови работни места - изјави по средбата градоначалникот Захариев.
За инвеститорот од Косово, најавата дека до крајот на јули ќе ги добие сите градежни дозволи е повеќе од задоволителна. Штом ќе се добијат одобренијата, Келеменди најави дека во рок од три месеци ќе биде изграден новиот трговски центар. Според него, „Елкос груп" има трговски центраи во Косово, во Албанија и во Црна Гора а сега започнува со позиционирање и во Македонијa. Освен Штип, планира инвестиции и во други градови во Македонија. На средбата присуствуваше и Амбасадорот на Македонија во Косово, Стојан Карајанов.