Треба,ама треба да има да си бира секој шо сака,кој сака кошарка,кој сака ракомет,кој сака гимнастика...и да има повеќе избор за бирање на пр.и тенис и пливање и сл.Па не е секој надарен за гимнастика.Во основно ќе си ја скршев кичмата за малку ради то физичко.
Се сложувам со ова. Голем број професори и наставници, колку и да не сакаат да признаат, ги мрзи да бидат инвентивни на часовите, и најчесто часот изгледа: професорот фрла топка, се појавуваат 5% од класот да играат нешто, од остатокот половината си оди а другата половина се барикадира и прави муабет. И после ќе фрчат кецови, неоправдани, професорите исфрустрирани на совет што не им се вреднува предметот, па масовна посета при крај на учебна година за поправање оценки...
Корисен е како час, особено во денешно време кога младинава поминува се повеќе време пред компјутер и нема кондиција после тоа, ама ете, да има повеќе алтернативи за избор а задолжително да се избере една, како на пример фитнес, гимнастика, кошарка, фудбал... Кај нас во средно знам имаше нешто слично, ама премногу деца се пријавија за одреден спорт а премалку за друг и таму каде што имаше премалку, ги укинуваа па мораа да бираат нешто друго. Јас се пријавив за одбојка и замислете рекоа дека нема топки!

