Траума

  • Креатор на темата Креатор на темата StayVoice
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 март 2014
Мислења
82
Поени од реакции
46
Возраст
31
Сакам да прашам дали има некои симтоми кои наговестуваат враќање на некоја потисната меморија поради некое трауматично искуство.На пример една личност пред одеднаш да почне да се сеќава на силување од детството или од друг период во животот има интензивни главоболки,вртоглавици или нешто друго?Индиректно поттикнато или спонтано враќање на меморијата.Траумите за кои човекот не е ни свесен дека му се случиле му предизвикуваат пречки во функционирањето и барајќи одговор на прашањата како дошол до одреден,неприроден начин на функционирање(пр.асексуалност поради силување),одеднаш се среќава со шок,се враќаат потиснатите сеќавања.Онака нестручно поставено прашање и очекувам одговор од оние коишто ја познаваат оваа проблематика барем малку подобро.
 
Стресот, а и било кое друго непријатно доживување овозможува длабоко во нас да се потиснуваат непријатните чувства и емоции. Порано или подоцна тие ќе бидат поттикнати и ќе излезат како доказ/причинител за психосоматската болест или траума.
Тие се тие симптоми......, главоболка, повраќање, вртоглавица, чувство на безпомошност, повлекување/затварање на личноста......:)
 
Симптоми или реакции? Реакција на нешто предизвикано од меморија од минатото , свесно или несвесно. Нешто што можеби од случувањето на таа траума подоцна во текот на животот се манифестира на сличен начин.
Па дури немора ни да е меморија, може и да не постои сеќавање а да има некое чувтсво интуитувно, во одредени ситуации, одбивност спрема нешто од некои непознати причини итн.
 
Сакам да прашам дали има некои симтоми кои наговестуваат враќање на некоја потисната меморија поради некое трауматично искуство.На пример една личност пред одеднаш да почне да се сеќава на силување од детството или од друг период во животот има интензивни главоболки,вртоглавици или нешто друго?Индиректно поттикнато или спонтано враќање на меморијата.Траумите за кои човекот не е ни свесен дека му се случиле му предизвикуваат пречки во функционирањето и барајќи одговор на прашањата како дошол до одреден,неприроден начин на функционирање(пр.асексуалност поради силување),одеднаш се среќава со шок,се враќаат потиснатите сеќавања.Онака нестручно поставено прашање и очекувам одговор од оние коишто ја познаваат оваа проблематика барем малку подобро.
Колку време има поминато од тој трауматичен настан? И што значи тоа:Траумите за кои човекот не е ни свесен дека му се случиле. ?
 
Колку време има поминато од тој трауматичен настан? И што значи тоа:Траумите за кои човекот не е ни свесен дека му се случиле. ?
Мислев кога на некој на пример после 15 години му се враќа сеќавањето дека бил силуван,а до тогаш тој немил настан му бил потиснат во потствеста.Дали периодот пред да му се врати сеќавањето постојат симптоми кои го наговестуваат враќањето?
 
15 години е голем период така да се чува во потсвеста, но сепак можно е да се ,,разбуди". Обично доагјаат траумите после 3 месеци до 1 година време од настанот и се сеќава апсолотно на се што се случило до најситни детали и често знае да се случуваат напади flashback -одново да го проживува трауматичното искуството во неговата психа. Симптомите се самите мисли и спомени од настанот и нивнато дејство на кој начин го диктираат понашањето на ндивидуата во одреден правец и дали со тек на време растат и стануваат потешки (неподносливи, болни). Во овој случај според мене можеби и нема да го има она потешкото, поради големиот временски период, но може да предизвика некој поблаг вид на анксиозност без разлика што се вратило сеќавањето но сепак ова е само претпоставка. Сепак најдобро е да се побара стручна помош од психотерапевт, психолог и психијатар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom