Toshiba LSI - иднината на мобилната графика

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
Toshiba денес го претстави својот најнов 3D LSI графички чип за мобилни телефони, кој ќе овозможи досега невидено ниво на реалност и перформанси во однос на игрите и графичките апликации.

Новиот LSI, "TC35711XBG" може да рендерира 100 мега-полигони во секунда што значи далеку подобри перформанси од постоечките рачни играчки конзоли и секако мобилни телефони.

Имено, новиот чип кој има интегриран нов 3D графички процесор според тестовите постигнува дури 38 пати подобри резултати од било кој постоечки чип од овој тип. Неговите исклучително напредни можности и перформанси отвораат до сега невидени можности за развој на софтверски апликации со комплексни графички елементи кои би требало да ја издигнат мобилната графика на едно високо ниво - од типот на Sony PSP.

Покрај новиот 3D графички процесор, Тoshiba LSI има и интегриран MeP ( Media Embedded Processor ) процесор кој овозможува високо-квалитетно аудио, хост контролер и WVGA LCD контролер - што значи поддршка за "wide-screen" дисплеи, сето спакувано во еден единствен чип.

Првата серија на новиот Toshiba LSI чип треба да се појави почнувајќи од oктомври.

img1701.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom