Tomorrowland - најспектакуларниот фестивал во Европа!

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.757
Поени од реакции
20.464
Можда е најголем музички фестивал на електронска музика во Европа, ама нека се огледаат на EDC Las Vegas во однос на стримовите. EDC имаше 8 live stream канали на YT, a Tomorrowland на еден стрим сакаат сите сцени да ги покријат.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Они не прават типичен стрим, туку си тераат како некоја разгледница на фестивалот да биде преносот. 90% од видеото не е во живо, така да за музика подобро е да се слуша на тумороуленд радио каналот
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Ќе има веројатно. Можеби чека да го објави затоа што има и втор викенд оваа година фестивалот
 
T

Torchyrus

Гостин
Евтините авионски летови ни ги приближија европските фестивали
Мала група млади момци и девојки од Скопје веќе подолго време за своите патувања избираат европски дестинации каде што се случуваат музички спектаклимузика одат и малку подалеку, односно во некои од европските држави.





Тоше Панев (лево) со својата екипа на фестивалот „Тумороуленд“ во Белгија

ВО ПОТРАГА ПО ДОБРА МУЗИКА

Летната сезона за многумина не е само поим за лежење на плажа. Луѓето со малку поавантуристички дух бараат начин како да си го исполнат овој период од годината на поинаков начин. Еден од предизвиците е потрагата по добра музика и добра забава, која најмногу ја има на големите фестивали под отворено небо. Токму на овие хепенинзи, кои, рака на срце, ги има и во блиското соседство, луѓето пред сѐ одат за да поминат неколку незаборавни дена. Тука, покрај музиката, која е основната причина за патувањето, има и многу други придружни елементи и настани што ги прават фестивалите поинтересни.
Македонската публика најчесто ги посетува фестивалот што се одржуваат во близина, односно на Балканот, како што се новосадски „Егзит“, загрепски „Ин мјузик“, потоа „Сигет“ во Будимпешта, но има и такви кои во потрага по добра музика одат и малку подалеку, односно во некои од европските држави.

МУЗИЧКО ПАТЕШЕСТВИЕ ВО БЕЛГИЈА

Една мала група млади момци и девојки од Скопје, во последно време, избираат европски дестинации каде што се случуваат музички спектакли. Тоше Панев е еден од оваа ентузијастичка екипа, која пред неколку дена се врати од Белгија, каде што беше на неколкудневниот фестивал „Тумороуленд“.
- Деновиве се вративме од нашето последно музичко патешествие во Белгија, каде што поминавме незаборавен викенд. Музичката програма се одвиваше на 15 бини, каде што настапија околу 400 изведувачи. Секој ден се завршуваше со спектакуларни огномети на главната сцена. Нешто што нѐ воодушеви е што не дозволија времето да влијае на настанот. Штом ќе почнеа да се создаваат облаци, ги разбиваа со звучни топови, ракети и хеликоптери и правеа чисто небо за нецели 30 минути. Втора работа беа алките (картите), кои имаа 2 лед-диоди што светеа во шест бои и трепкаа на ритамот на музиката - вели Тоше.

НЕКОЛКУМЕСЕЧНИ ПОДГОТОВКИ

За Тоше и неговата екипа летото не е единствениот период од годината кога се организираат и одат на концерти надвор од Македонија. Претходно беа и во Диселдорф на концерт на „Арктик манкис“, во Копенхаген на фестивалот „Вајт сензејшн“, како и во Амстердам на хепенингот наречен „Хардвел“. Иако основната идеја за ваквите патешествија се музичките настани, тие секогаш дел од времето го користат и да прошетаат во местото или во блиската околина.
- Дестинациите најчесто ги избираме според музичката програма, која најчесто е од електронската сцена, но секогаш или одиме порано или остануваме уште неколку дена по настанот за да можеме да прошетаме. Сепак за добар помин најважно е друштвото, а ние сме „уиграна“ екипа и за нас тоа е најсовршениот спој. Сите сакаме добра музика, но пред сѐ одиме да си поминеме убаво. За секој настан се подготвуваме неколку месеци однапред, бидејќи картите се распродаваат многу брзо и хостелите се резервираат во истиот момент - објаснува Панев.
ПАТУВАЊЕТО ДЕЛ ОД МОЗАИКОТ

За стигнувањето до местото на настанот, освен долгорочната подготовка, потребна е и организација за превоз, која за европските дестинации е малку покомплицирана, но не е неостварлива.
- На фестивалите што се случуваат на Балканот обично одиме со автобус или со приватен автомобил. За подалеку секогаш ја одбираме најевтината варијанта. Најчесто тоа се евтините авионски летови на „Визер“, кои многу ни го олеснија стигнувањето до европските метрополи. Но не одиме секогаш со авион, знаеме да направиме и комбинации со повеќе превозни средства, како авион, воз, автобус и со локален изнајмен автомобил. Патувањето е уште еден од елементите што ни го комплетираат мозаикот за да можеме на крајот да речеме дека сме поминале одлично - додава Тоше.
Бидејќи тој и неговите пријатели и другари веќе ги искусија европските фестивалски настани, сега размислуваат за нешто поголемо, односно за подалечна дестинација.
- Имаме желба да отидеме на некој фестивал во Америка, како на пример во Мајами или на калифорнискиот „Коачела“. Се надеваме дека ќе си ја оствариме и таа желба, иако за тоа ќе треба малку повеќе пари и подготовки за кои сигурно ќе ни требаат најмалку 5-6 месеци - вели Панев.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72914935131&id=49&prilog=0&setIzdanie=23236&fb_action_ids=1453035318313927&fb_action_types=og.likes&fb_ref=.U9elxdKOsAR.like
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Некој шо бил годинава да каже колку пари го фатило се на се ?
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
1000че ќе го скрпат

бај д веј

 

Kajgana Shop

На врв Bottom