Точка

  • Креатор на темата Креатор на темата rowling
  • Време на започнување Време на започнување

rowling

Desperate Cranberrie
Член од
31 март 2007
Мислења
290
Поени од реакции
8
Зошто првата верзија беше од кретивна покреативна (АМИН) си велам да го обелам образот и да пратам нов топик!

Што можете да видете во една точка?Ако мислам на точка најнормално не сум буквален и мислам индиректно на малите работи.
Ако мислам на точка мислам на крај.Да или не?А што кога секој почеток е всушност крајот на некое нешто.Во една точка будистите се способни да го видат сиот универзум(или ај да бидам поконкретен...во зрнце пченица како романтичарите/во зрнце песок како будистите итн.
Сепак колку значења може да има една мала точка,а колку малку значење ние самите и предаваме.А дали е толку мала колку што изгледа...
 
Интересна тема, но развојот би тргнал во сосема друга насока. Одеднаш ќе добие некој апстрактен карактер, затоа што на друг начин и не би можело да се опише она што секој од нас поедничено го гледа.
Будизмот како учење не можеме да го сметаме за релевантен пример, од чиста причина што сите оние кои се будисти во таа точка, според учењето, го гледаат целиот универзум.
Точката секој од нас може да ја гледа и да ја перцепира на различни начини. Лично јас,т очката ја гледам како тоа да сум јас. Затоа што секој поединец, секоја индивидуа, секое живо битие е само една толкава точка во целиот универзум.
 
тоа што ми е потсвесно во глава ќе го видам во точката ,еден ден ќе видам едно друг ден друго.. зависи од расположение
 
Не знам како да ја сфатам темава... Точка може да значи:
  • интерпункциски знак
  • крај (на нешто)
  • комплетирање (на нешто)
  • математички термин
  • графички термин
  • ... (ете три точки :smir:)

Значи, се надевам дека малку подобро ќе се дефинира темава.
 
Пред да седнам на компјутеров до оваа одредена точка од бесконечното време пиев пиво, пошто ми е малку ќе одам на име кај другар, и од таа одредена точка во моментот кога ќе седнам кај него дома ќе продолжам да пијам пиво.
 
Прекрасна тема! Една точка може да се сфати како период од животот, дел од патешествието... Всушност, сите ние сме придвижувани од една во друга точка и така се прави линијата наречена живот. Религиски, не сум запознаена со верувањата. Точката симболизира почеток. Ова е вака, затоа што сум оптимист. Еден песимист би рекол дека точката го симболизира крајот. Исто така, потребна е само една мала точка(мал настан), за да започнат другите, големите, важните.Точката е според мене настан, почеток, пресврт, конјункција на желби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom