Пак муабети сто пати правени се вртат у место со глупо препукување. Скопје има специфична ситуација каде што во времето кога се будеше навивачката свест во Скопје а и во целата држава градот имаше 3 успешни екипи, а тоа се ФК Вардар, и подоцна КК Работнички и КК МЗТ (од крај на 80тите до крај на 90тите). Сите три тима се олицетворение и на градот но и на маалскиот живот. ФК Вардар и КК Работнички се најуспешните клубови од 45та па навака со длабока традиција кај Скопјани и долго време доминантни во секое поле на фудбалот и кошарката и претставители на Македонија во поранешна Југославија. МЗТ Скопје е приказна за себе, кој покрај тогашниот монопол на Работнички во кошарката успева да се да се издигне во тие години, да стане вистински ривал на Работнички и да кулминира со победата над Реал Мадрид во 90тите, еден од најголемите спортски успеси во државава. И сето ова се случува во доба кога навивањето зема замав. Сите се за ФК Вардар во тие години, љубителите на кошарка од Центар и Карпош почнуваат и да навиваат за Работнички каде што веќе има воспоставено и генерациска традиција а Аеродром како нова населба со многу млади луѓе на едно место и без постари батки у маало да ги влечат автоматски на Работнички како што е традиција во Центар и Карпош се пронаоѓаат навивачки во МЗТ како локален клуб кој истовремено брзо напредува.
Вака убаво звучи кога цел град би бил обединет околу еден клуб како што е во Загреб или Сплит но тоа тогаш нема да биде тоа Скопје кое го познаваме и во кое израснавме. Скопје без Вардар, Работнички и МЗТ не е Скопје. Поради маалскиот аспект на Работнички и МЗТ тешко е дека градот може да се обедини и да подржи еден од овие тимови. Но затоа ова е перфектна предиспозиција за едно вистинско градско дерби што никаде во Македонија го нема. Со Вардар приказната е поразлична бидејки има навивачи од секоја населба иако можеби не доминира навивачки секаде но затоа е доаѓа природно баш ФК Вардар да е тоа што го обединува цело Скопје. Иако цел живот идам на запад, израснав со маалци од ЦПБ но истовремено се дружев и со аеродромци. Ко деца увек се објаснувавме кој е подобар и за кој треба да се навива и на крај све се сведуваше дека без разлика на клубот што го бодриме сите во исто време бевме претставници на градот, сите пеевме за Скопје и се гордеевме со него и со својот тим. Затоа и до ден денес се дружиме, и често знаев да отидам на Работнички-МЗТ дерби на неутрална со доста од Комити и да уживаме во атмосферата. Исто знам многу од нив што доаѓаат и на Запад (поготово на прослави) и на Југ кога Вардар игра со Пелистер или Шкендија и затоа секад сум практикувал да има почит помеѓу групите, поготово Комити со ЦПБ и Комити со ФА бидејќи не сме директни ривали во спорт а скоро сите се познаваме, дружиме и сите го браниме и сакаме Скопје, градот што сите нас не спојува. Затоа Комити се воглавно добродојдени во секое маало без проблем со локалците. Сме правеле собири, дружби и кортеа во секој дел од градот кај што ЦПБ и ФА доминираат и никад немало проблеми или поголеми инциденти и така треба да остане.
Не сакам да навлагам во ривалството меѓу ЦПБ и ФА, нормално треба да има пецкање и тензија но да не се претерува и да се пази некој да не настрада. Го разбирам ривалството и љубовта кон маалото и "маалскиот" клуб но не можам да ја разберам омразата која кај некои членови (поготово додека се млади) е огромна. И ние едно време бевме градски ривали со Пирати па освем инцидент или два немаше таква омраза. Иначе и ден денес се радувам коа ќе видам некој од ЦПБ или ФА на Вардар, дали на ФК или РК или пак ми е мило коа ќе слушнам некоја добра песна од ЦПБ или ФА за Скопје и клубот а да не биде во стил "пуши-еби се". Не се сите со исто мислење, има и во Комити и во ЦПБ и ФА поединци што хејтаат секоја друга група освем нивната, јадат гомна без грам почит и само сеат омраза поготово кај младите што лесно се палат ко мајмуни а потоа истите настрадуваат пошто не се доволно зрели да ја видат пошироката слика.
И за крај, сетете се на Кале и протестите за смилковско каде што имаше членови од скоро сите групи. Омразата е пролазна, Скопје е вечно!