Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.767
- Поени од реакции
- 18.522

Според мене (субјективно) еден од најдобрите серијали на игри некогаш Thief од аспект
на реалното чуство која некогаш сум ја играл, целото опкружување, начинот на кој се прикрадуваш, сетапот- замоците, мрачното и атмосферично чуство кое преовладува, ја правеа незаменливо искуство, во кое дури и звуците/аудиото беа идеално доловени. Протагонистот, Герет ми е омилен лик од видео игрите исто така.
Прикрадувањето во сенките, темните замаглени улици, како и самата механика беше исто така на екстремно добро ниво, тука нема ни да зборам за приказната и разните начини на кои можеше да се игра, убедливо најдобрата и прва вистинска стелт игра, едноставна перфектно чуство и имерсија предизвикуваше секој момент поминат во оваа игра.
Ќе биде достапна за играње кај нас (официјално) утре. Оваа продолжение го чекав со години, дали некој од вас планира да ја купи или можеби веќе ви е купена? дали ги игравте другите делови? какво е вашето мислење за неа?
Eве ги генералните податоци за побарувачките на играта, официјално,

Еве и една рецензија...
Запазете ~ 5:50 - 6:30!
Последно уредено: