Па, немам пишано пост на форумов речиси две години
Гледам дека има поделени мислења за концертов, криво ми е за луѓето што си заминале разочарани од концертов, за моја среќа јас сум од странава што пројдовме топ. Негде кај 15 за 11 влеговме внатре, очекував во 12 да почнат, почнаа накај 12:20 мислам. Околу половина час каснење, не ни очекував точно во 11:45 да почнат на секако, така да за мене не беше ова многу страшно. Не се сеќавам 2005та колку точно каснеа, мислам дека беше слично.
Организацијата. Дали вработениве што проверуваат видоа многу народ па на шашма ги тераа работите појма немам, на некој проверуваа карти на некој не, на некој проверуваа ранци на некој не, рандом тотално. Многу луѓе со карти од партер 2 се протнаа накај партер 1, нормално кога гледаш дека има дупки ќе искористиш ситуација, особено кога е во прашање концерт на Продиџи.
За звукот и атмосферата. Ние што бевме во партер 1 немавме некои проблеми со слаб звук или слично, бар јас осеќав на тело дека грми музиката, затоа се изненадив кога на излегување слушав негативни коментари,
@Krk1 е еден од првите што ги сретнав и ми кажа дека прошол за нигде, звукот бил слаб и лош. После од доста луѓе што беа на партер 2 слушнав исти критики. Каде и како е напраена грешка не знам, на крајот од денот и во овие случаи важи тоа, колку плаќаш толку добиваш. Во секој случај напред целиот пакет е секогаш подобар него кога се наоѓаш позади.
За гужвата. Имаше гужва а и не можеш да очекуваш да е поинаку на ваков концерт. Сепак јас немав проблеми со простор за скокање и слично, шутки имаше поприлично на првите 4-5 песни, после само на поголемите хитови се шуткавме зашто веќе енергијата се црпеше до крајни граници, Јас дехидриран бев уште на пола концерт негде.
За народот. На вакви големи и рекламирани настани нормално е дека ќе има и фанови и не фанови, и кој треба и кој тотално не треба да е на концертов, т.е. дошол за слики и чекирање. Во мојот простор повеќето од овие се расчистија после некој период.
Времетраењето. Секој што ги следи Продиџи, јасно му е дека нивните настапи траат од 75 до 90 минути, без разлика каде свират, тие нивното го исполнуваат горе долу еднакво секаде, така да оваа замерка е безвезе, не дека јас нејќам повеќе да трае, но како секаде така и кај нас. Мислам дека концертот заврши во 01:40, значи околу 80 минути времетраење. Јебига 2005та ни дадоа 15тина минути повеќе

Плејлистата. 2005та според мене имаше подобра плејлиста од сега. Од Продиџи има многу песни кои ги обожавам а веројатно нема никогаш да ги слушнам во живо, али еве ако мора од хитовите да е, голема дупка е да ги нема Poison и Spitfire на плејлиста. Prodigy Experience нивниот прв албум тотално запоставен овојпат со оглед на тоа што дури ни Out of space не ја отпукаа како што доликува туку ние публиката ја пеевме како акапела, стварно очекував едно последно газење да правиме тука... Јасно дека од последниот албум беше примарно да се свират песните, но не смееја првиот албум целосно да го пропуштат.
Бендот. Продиџи си се тие што се, си ја газат денс сцената и сеуште имаат енергичност, Максим мајстор за интеракција со публика и кревање на атмосферата, Кит доволно е само да го гледаш и да се полниш со адреналин, момците си ја тераат работата.
Јас излегов исцеден ко да сум трчал полумаратон, мокар ко од базен излезен, воспален, истрошен, малце оштетен

Не отидов со очекувања дека ова ќе биде најдобриот концерт на кој сум бил, знаев дека нема да го осетам подобро од 2005та, вајда тогаш помлад, понапален, Продиџи подзаборавени и наеднаш воскреснати, цела таа еуфорија имаше ефект, веројатно и тие 4-5 илјади луѓе тогаш и таму беа процентуално пореалните фанови. Но, пројдов генерално одлично во Охрид, дали повторно на овие простори ќе ги видиме не знам, не сум сигурен, али Продиџи ми се во топ 10 омилени бендови па се надевам дека ќе склопам една трилогија од нивни концерти.
So, FUCK 'EM AND THEIR LAW!