- Член од
- 20 мај 2007
- Мислења
- 1.139
- Поени од реакции
- 153
11.11.2011 требаше по којзнае кој пат да биде крајот на светот. Постоеја разни верзии за тоа што ќе се случи, како светот ќе исчезне, како нема кај да се бега... Но еве сме, веќе добри 3 и пол недели подоцна. И навистина, на 11.11.2011 нешто се случи. Бум во гејмерскиот свет, после кој од сите идни наслови ќе се очекува да одат едно скалило погоре. И сето тоа благодарение на едно ремек-дело.
Дами и господа,
Досега се навикнавме на голем број „масивни“ РПГ наслови, во кои ја имаме слободата да истражуваме еден голем свет, и притоа сами одлучуваме дали ќе се држиме стриктно до главната приказна, или ќе се позанимаваме со споредните „квестови“ кои откриваат право богатство од детали, интересни факти, но и награди. Но, ретко која игра толку многу се фокусира на „споредното“, како што тоа го прави Скајрим. Подгответе се за еден измислен свет, чија „огромност“ и можности нема да ве остават рамнодушни. 100 часа гејмплеј; Звучи невозможно, нели? Во оваа игра, не само што е возможно, туку и недоволно за успешно да ја завршите секоја мисија, да го најдете секој предмет, да се опремите со најдобрата опрема, и да разговарате со одлично „стокмените“ личности. Затоа, не чуди фактот што Скајрим веќе жари и пали насекаде низ светот, и не ретко се прогласува не како најдобар РПГ наслов во 2011. година, туку и на сите времиња.
Од самиот почеток на играта е забележливо колку внимание е посветено на деталите. Тоа мислење ќе ве води низ целиот свет во Скајрим, независно дали сте во некое село, планина, шума, па и мрачна пештера. Истото може да се каже и за Вашата опрема, и независно од тоа какви оружја и заштита користите, сите ќе ги доживувате на еден уникатен и неопислив начин. Само како „бонус“ доаѓа фактот што темпото во играта го поставувате токму Вие, па можете да одлучите дали ќе живеете бурен живот, напаѓајќи се’ што се движи, или ќе се препуштите на опуштено секојдневие, талкајќи онаму кајшто од Вас се бара.
Приказната бара да ја дознаете причината за враќањето на змејовите и Вашата поврзаност со нив. Ваше е дали до нејзиниот расплет ќе стигнете директно, посветувајќи се само на главните задачи што се бараат од Вас, или во меѓувреме ќе се посветите на зголемување на репертоарот на магии, разговарање со безброј веродостојни личности или просто воодушевување на светот во Скајрим. За пофалба се веќе споменатите личности, кои совршено придонесуваат со своите животни приказни да се почувствувате како дел од нивниот свет. Се’ околу нив делува природно и веродостојно, па често ќе се најдете во ситуација да не го разликувате нивниот, измислен живот, од реалниот. Ретко која игра ќе го пробуди тоа чувство и пријатна „конфузија“ во Вас, што е само еден голем плус за овој наслов.
Како и во секој РПГ наслов, светот во Скајрим е полн со најразновидни непријатели, од кои секој си има зацртано за цел да ве види мртви. Борбата е основен елемент во оваа игра, а Вашиот одбран лик „просперира“ од секоја извојувана победа, додека Вам Ви останува само да одлучите во кои правци сакате да го развивате. Во тоа имате целосна слобода, па затоа не мора уште од самиот почеток да одлучите што сакате со Вашиот херој. Како што ќе минува време, на располагање ќе добивате многу вештини од најразлични класи, чии предности и недостатоци се препуштени исклучително на Вашиот избор. Па така, доколку користите претежно деструктивни магии, истите ќе стануваат се’ посилни; Доколку се фокусирате на блиска борба, од Вашиот херој ќе направите права „боречка машина“. Да не заборавам да напоменам, паралелно со развитокот на одредени сегменти кај Вашиот херој, се зголемува и неговото „глобално“ ниво (level), нешто што во РПГ насловите е застапено од самиот почеток. Најголемата пофалба овде оди на сметка на тоа што сами избирате која вештина сакате да ја научите и на кое поле сакате да се усовршите, но тоа го правите во моментот кога Вас Ви одговара, што значи дека нема да се покаете за она што сте го избрале. Слободата што ја имате на располагање достигнува фантастично ниво.
За напомена е и тоа дека системот на користење магии е доведен до совршенство, па така Ви се нуди можноста да пуштате иста магија со двете раце, или да имате по една различна во секоја рака. За разлика од овој систем, блиската борба на моменти знае да делува еднолично, особено ако се има предвид дека на моменти ќе имате чувство како да мавате напразно, но неверојатните комбинации од магии, мечови и оружја кои стрелаат од далечина, како и можноста да се борите со придружници и да станете дел од разни братства и здруженија, спречуваат појава на монотоност.
Да не ги заборавам и таканаречените „dragon shouts“, односно вештини карактеристични за змејовите, кои може да ги користи и Вашиот херој, зашто да не заборавиме, помеѓу него и овие величествени суштества постои силна поврзаност. Сепак, потребно е да се борите со змејови и да ги апсорибрате нивните души, за да ги стекнете нивните вештини, па така секој змеј е потенцијална можност за нов „dragon shout“. Што се однесува до ваквите борби, нема што многу да се каже, освен да Ве прашам во колку игри досега сте имале можност да се борите со толку опасни, големи и величествени суштества?
Фантастично!
И додека целокупното искуство во оваа игра дополнително го збогатува фантастичната музичка поддршка, забележливи се и извесни грешки, односно багови, кои некогаш се од чиста графичка природа, но некогаш знаат и извесно да влијаат на самиот гејмплеј. Наместо да објаснувам, подолу Ви се дадени четири линкови, па слободно посетете ги и видете за што станува збор:
Но и покрај ова, The Elder Scrolls V: Skyrim е фантастична и огромна игра, за да Ве одбие со некои ситни (и нешто покрупни) грешки. Ви нуди свет кој на секој чекор знае да изненади, плени и привлече со својата реалност и масивност. Доколку сериозно се впуштите во играње на оваа игра, Ви гарантирам дека во наредните недели/месеци нема ни да Ви биде потребно ништо друго, освен да завршите „квест“ повеќе, да најдете меч/штит повеќе или да убиете змеј повеќе... Затоа, за многумина Скајрим ќе биде многу повеќе од само обична игра... Што воедно е негативно за сите оние кои истовремено одржуваат активен социјален, образовен и љубовен живот.
ОЦЕНА: 9.0
ПОЗИТИВНО: Графичка и звучна презентација, огромен и разновиден свет на располагање, aпсолутно нелинеарен гејмплеј.
НЕГАТИВНО: Одредени багови може да Ве иритираат, бара преголема посветеност, што кај некои може да се одрази негативно.