Тестостерон

  • Креатор на темата Креатор на темата konzul-bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ти благодарам Doktor1, твојот пост ми се чини е најобјективен и издржаен
Во здраво тело, здрав дух....- се сложувам со тебе во врска со ова твоја фраза:toe:
Поздрав!
 
Тестостерон -Крал на сите хормони!

Тестостеронот е најважен машки хормон, кои во мала мерка го имаат и жените. Машкиот организам лачи многу голема количина на тестостерон, просечно 260-1000 нанограми на децилитар крвна плазма, а жените 15-70 нанограми. Неговиот биолошки ритам покажува голема вредност во утринските часови, со најголема вредност меѓу 6 и 8 часот наутро, но со пониска вредност во послепладневните и вечерните часови. И што поголем тестостерон машкиот организам поседува, тогаш имаме поснажно, мускулно тело.
За време на пубертет доаѓа до зголемување на неговата продукција, поради зголемување на лачењето на лутенизираниот хормон (ЛХ) на аденохипофизата што доведува до нагло растење и развој.
После завршување на пубертетот тестостеронот предизвикува прекин на растење во висина. И потоа во понатамошниот живот после завршување на растењето, либидото, сперматогенезата како и целото функционирање на машкиот репродуктивен состав се под влијание на тестостеронот. Освен во телесните карактеристики, овој хормон игра улога и во менталниот живот кај мажите.
Недостатокот на хормони може да предизвика озбилни ефекти врз телото, недостаток на енергија, намалување на мускулната маса и сила, депресивно расположение. Максималниот пораст е измеѓу 18 и 35 год. а неговото намалено лачење е после 40 година од животот и нивото опаѓа со 1% годишно.
Во крвта на човекот се наоѓа околу 2% слободен тестостерон кој делува на рецепторите, а останатиот дел е врзан за Албуминот и Глобулинот.
Начинот на кој машкото тело го искористува расположивиот тестостерон зависи од бројот на рецепторите на организмот на секој машки организам и од смесувањето на тие рецептори.
Кои фактори природно делуваат на лачење на тестостеронот?
Како што е познато, ендокриниот состав е сигнален информативен состав сличен на нервниот систем, и реагира на голем број на внатрешни и надворешешни поддржувања или со зголемено производство на поедини хормони. Докажано е дека со правилен тренинг со повисок интензитет који активира поголеми мускулни групи , делува на појачано лачење на тестостерон за време и после вежбање дури за 40%. Исто така и кај вежбање со екстремно телесни напори нивото на тестостерон паѓа и за 40%. Измеѓу различните облици на интензивен тренинг најголемо влијание на зголемен слободен тестостерон во крвта покажува бодибилдингот.
Друга причина која делува на лачењето на тестостеронот е стресот. Функционирањето на целиот ендокрин состав под големо дејство е на емоциите и мислите. Психолошкиот и физичкиот стрес предизвикува лачење на хормонот кортикотропина кој го поттикнува зголемувањето на кортизолот. А што е поголемо нивото на кортизолот, толку е помало нивото на тестостеронот. Поради тоа треба да се избегнат стресни ситуции, размислувајте позитивно, усмерете ги своите мисли на нешто убаво, опуштајте се, спијте 8 саати дневно и на тој начин помогнете си себеси.
Следен фактор исто така можете природно да делувате на лачењето на тестостеронот е со начинот на исхрана.Треба да се збогати исхраната со големи количества на есенцијални масни киселини. Нивен извор се јаткастото овошје, авокадото, рибата и зелениот зеленчук. Исто така јајцата, телешкото месо, сирењето се слична храна богати со есенцијални масни киселини. Од друга страна избегавајте ги диетите со низок износ на јагленихидрати и висок удел на протеини зошто го смалуваат производството на тестостерон. Внесот на масти би требало да изнесува околу 30%
Ако претеравте, постепено намалете ја својата телесна тежина зошто зголемените килограми предизвикуваат пореметување на нивото на естроген и тестостерон.
Сиптоми на недостаток на тестостерон
-Намалено либидо
-Еректилна дисфункција
-Осеќај на депресија и нерасположеност
-Хроничен замор
-Зголемување на телесната тежина
-Намалување на мускулната маса
-Пореметување на сонот, раздразливост, напнатост.
 
ај некој од тие шо се разбират како да го зголемам лачењето на хормоно тестостерон ...
имам 18 год и влакнетост слабо, мускули исто мали раци исто и нозе( 40ка патки)
 
незнам дали да ти одговорам пошо познавајки го операторо на форумо он ги кантосуе овакива теми и џабе ќе е да ти одговорам ако темава заврши во канта и ти не го видиш одговоро.
него за твоето прашање ја би ти препорачал да си идеш на лекар , да ти препише хормонална терапија.
 
ај некој од тие шо се разбират како да го зголемам лачењето на хормоно тестостерон ...
имам 18 год и влакнетост слабо, мускули исто мали раци исто и нозе( 40ка патки)
Дете ај не глупирај се , ако земаш хормони можеш да си наштетиш на здравје , а не да те направи "помажествен".
 
ја би ти препишал лаксатив.
по земаната анамнеза би ти препорачал да не се понашаш глупо и сељачки... Форумо има создадено реноме а такви неиживеани сељаци како тебе нека поживеат малце па нека дојдат на форумо..
т.с за некој да не се навреде да направеме разлика мегу сељак и селанец
сељак- човек од град кој се понаша селски
селанец- човек од село
 
ај некој од тие шо се разбират како да го зголемам лачењето на хормоно тестостерон ...
имам 18 год и влакнетост слабо, мускули исто мали раци исто и нозе( 40ка патки)
Шчо се дешаа со денешницава море? :)
Во ниту еден случај немој да си земал хормони, на овие твои години да земаш хормон тестостерон може да дојде до стерилитет или до уништување на други жлезди.
Затоа ако сакаш да развиеш мускули земај вежбај нешто, храни се повеќе....., но да земаш хормони не :)
 
па не ни размислувам на апчиња... некако со храна да се стимулира...
 
па не ни размислувам на апчиња... некако со храна да се стимулира...

Јади остриги. Стално велат дека од нив се станувало помажествен и со поголем секс-драјв
 
по земаната анамнеза би ти препорачал да не се понашаш глупо и сељачки... Форумо има создадено реноме а такви неиживеани сељаци како тебе нека поживеат малце па нека дојдат на форумо..
т.с за некој да не се навреде да направеме разлика мегу сељак и селанец
сељак- човек од град кој се понаша селски
селанец- човек од село

Анамнезата вика дека очигледно ти е мал :( мозокот...

Друго, пошто си шупак, мора шупачки да се понашам со тебе, не те цитирав тебе, туку членот што ти предложи хормонална терапија, хормонална терапија не може да прима човек кога ќе му текне, тоа се прави по препорака на лекар специјалист.

А ти си сигурно нормален (мислам во физичкиот развој, оти менталниот го увидовме) и немаш потреба од никакви хормони, дури и да имаш намалено некои вредности за хормоните, секогаш се бара примарниот причинител, и не се шиткаат одма хормони.
И тоа е затоа што ако биохемијата на организмот е таква да тој ти го ароматизира тестостеронот во некој друг дериват, ти ако примиш инекција нема да настане подобрување, додека не се најде примарниот причинител.
 
Back
На врв Bottom