Да ама во Ук имате народ и во селата, тука е празно, ретко кој оператор има поголема пенетрација од 30%. Затоа ви пишав дека единствен начин да е поефтино беше еден оператор да изгради (па дури и национален), сите други да нудат сервиси.
Имаше дури и понуда за ова, приватно-јавно партнерство со играч од САД, нашите не собраа ни документација, а требаше да изработат детална анализа и план (преку 2 год ги чекаше инвеститорот).
Идејата беше да се формира тело кое ќе ја гради на национално ниво, специјален тип на дозволи кон институции и унифицирана документација за се да оди глатко, поефтини комуналии, и тие да ја менаџираат.
На овој начин ќе имаше терен и за 5Г (линкови со оптика до секоја базна), и за оптика до секој објект, и ќе се либерализираше пазарот.
За да отвориш оператор ќе ти требаа 150-300к, а не 100+ милиони, па ќе имавме избор, и наш кадар ќе можеше да се проба во овој бизнис. Да не правиме муабет за отворање на работни места додека да се изгради и општо во иднина по операторите.