Иако е во ЧДА, оваа е сериозна политичка и филозофска тема, може за у форумот психологија/филозофија, но политика нема на форумот, така да да си го кажам мислењето пред да отиде темата у канта.
Овој пример за жал е денес македонското општество, типично македонски-полтронизам, лижење и лицемерие на сите страни.
80% од членовите на ВМРО-ДПМНЕ се вакви, особено новите кое се накотија како членови некаде 2007/08 година, нит ги интересира партија, ни идеологија, само гледат да се огребат некако за нешто, на форуми/фејзбуци/блогови/весници/дебати/ ќе кажуваат и пишуваат се најубаво за партијата и лидерот кој иначе не можат да го смислат. Кога еден ден ДПМНЕ нема да биде на власт сите ќе се разбегаат во новата владејачка партија, се ќе пукне како балон.
Не дека само ВМРО е така,но ВМРО е долго време веќе на власт и привлече голем дел народна маса, и СДСМ не би бил поразличен, всушност тетки како оваа се истите тие жени кои на времето коси кубеа и од уста не го вадеа нивниот „фраер“ Бранко, оваа и Мирка Велиновска се пример за такви госпоѓи.
Ако веќе пред камера го изјави оној вториот дел дека лицемерно го кажала првото, зошто директно не му го плесна на Грујо, таквиот гест ќе беше многу подобар, вака истиот ефект го направи си призна дека е лицемерка, а ем Грујо го знае тоа. ( а го знае оти фрик за попиларност како него секако го видел оваа видео).