TARA

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
D

Daedalus

Гостин
Дали сте слушнале за ирскиот бенд Тара?
Пребарувајќи низ нетот пред неколку години забележав дека никој ги нема аплоадирано и дека нема премногу информации за истите па решив да ги закачам на www.youtube.com .
Бендчево не е многу познато а сепак изведуваат одлични песни. Сметав дека би било супер да ве запознаам со истите.

Формирани 1984 година, Тара ја забавувале публиката во Балтимор со своите прекрасни изведби кои го доловуваат шмекот на старата добра ирска музика.
Почнувајќи како најобично трио, овој бенд прераснал во 8 член бенд кој хармониски ја исполнувал композицијата и со богатството од различни инструменти успевал да ја долови атмосферата на традиционалниот ирски фолкор.
Дали овој бенд постои до ден денес или не, не знам.
Доколку некој има повеќе инфо, слободно нека пише. Се надевам дека ќе уживате. На јутуб го имате целиот албум.
tara_group.jpg

 
Постои, веројатно некои звуци тивко крокотат кога ќе поминеш низ гробиштата во Балтимор.
 
Ффф, фффф...Почна да ми замирисува на хипстерај.
 
Дефенитивно нај underrated бенд во Европа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom