Такси

  • Креатор на темата Креатор на темата HexD
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јуни 2014
Мислења
52
Поени од реакции
42
Возраст
51
Здраво , сакам да започнам да возам такси со своја кола , па ме интересираат некои работи подетално :

Колку кошта целосната такси опрема на ново/старо ?

Колку пари е лиценцата за таксист ?

Дали морам да сум вработен во некоја такси компанија ? Ако да , како иде со плаќањето , фиксна плата + процент или пак само на процент ? Дали сам си одредувам работно време ?
 
Најверојатно ќе работиш 12 часа на ден за ситна плата.
Сигурен си дека сакаш да бидеш таксист?
Ги имаш разгледано сите можни твои кариерни опции?

Сепак, не велам дека е лошо да си таксист, работа си е работа, само велам да ги разгледаш сите можни опции.
 
Еве ти еден добар колоритен опис на професијата таксист, клик напишана од вештото перо на Хумулус. :)
 
Најверојатно ќе работиш 12 часа на ден за ситна плата.
Сигурен си дека сакаш да бидеш таксист?
Ги имаш разгледано сите можни твои кариерни опции?

Сепак, не велам дека е лошо да си таксист, работа си е работа, само велам да ги разгледаш сите можни опции.
Не викај ситна плата. @HexD Еден мој познаник, ако му се погоди, на ден фаќа над 3000д. На име на жена му е фирмата, тој само вози. Е сега што има и трошок, има, ама пак од тоа гледа 2 ќерки на факултет. Салам одмор (од околу 5-6часа) нема, слабо со спиење, ама ако си фати постојани муштерии многу ќе му биди полесно. САМО ДА НЕ ДОЗВОЛУВА ПИШАНКИ!!! Колку и да е близок со некој, не смее да си дозволува да вози на пишанки, бидејќи така 100% заглавува. Ако сакате многу подетални информации, ќе разговарам со човекот, за тоа нема проблем.
 
Фала ви луѓе , ми ги отворивте очите !
:tapp:

Некој да ми одговори на прашањата ?
 
Поскапа варијанта ти е опрамата(радио станица фиксна со антена или мобилна,и такси табла со логото на компанијата) да ги купиш од компанијата во која ќе возиш.
Ако самостојно купуваш можеш да бараш на реклама5,пазар3,.............а ти треба само радио станица и да ја кодираш на фрекфенцијата на такси компанијата.
Такси таблата ти ја дава компанијата т.е ако ја платиш ќе биде твоја во спротивно ако се решиш да одиш во друга компанија ја врќаш таблата.
За лиценца да добиеш од градско собрание треба да имаш фирма да си пријавен вработен,сопствено возило не постаро од 5-6 години со клима,абс,воздушни перничиња(возач,совозач најмалку) офарбано бело жолто и договор со компанијата во која ќе возиш.
Цената на лиценца сега не знам колку пари е.Порано кога давав коли на рента една лиценца беше околу 200 евра а важеше 4 години.

Нај убаво ќе се информираш во градско собрание или некоја такси централа
 
Поскапа варијанта ти е опрамата(радио станица фиксна со антена или мобилна,и такси табла со логото на компанијата) да ги купиш од компанијата во која ќе возиш.
Ако самостојно купуваш можеш да бараш на реклама5,пазар3,.............а ти треба само радио станица и да ја кодираш на фрекфенцијата на такси компанијата.
Такси таблата ти ја дава компанијата т.е ако ја платиш ќе биде твоја во спротивно ако се решиш да одиш во друга компанија ја врќаш таблата.
За лиценца да добиеш од градско собрание 1)треба да имаш фирма да си пријавен вработен,сопствено возило 2) не постаро од 5-6 години со клима,абс,воздушни перничиња(возач,совозач најмалку) офарбано бело жолто и договор со компанијата во која ќе возиш.
Цената на лиценца сега не знам колку пари е.Порано кога давав коли на рента една лиценца беше околу 200 евра а важеше 4 години.

Нај убаво ќе се информираш во градско собрание или некоја такси централа

Благодарам за одговорот !

Нешто ме буни :
1)ќе можеш ли малце поопширно ова да ми го објасниш ? ако сум пријавен во сопствена фирма , нема ли да ми бара такси компанијата за која би возел да сум всушност пријавен кај нив ?

2) од такси возилата 50% се постари од 5-6 години.. како ?
 
Благодарам за одговорот !

2) од такси возилата 50% се постари од 5-6 години.. како ?

Со тек на време очигледно ги чистат постарите коли така што новите кои влагаат во работата мора да имаат понова кола.
 
Благодарам за одговорот !

Нешто ме буни :
1)ќе можеш ли малце поопширно ова да ми го објасниш ? ако сум пријавен во сопствена фирма , нема ли да ми бара такси компанијата за која би возел да сум всушност пријавен кај нив ?

2) од такси возилата 50% се постари од 5-6 години.. како ?

1.Можеш ама не би ти ја прпорачал таа варијанта зашто секој ден треба да внесуваш пари (дневен промет) на неговата сметка.
2.Бивш мој возач за да ја продолжи лиценцата мораше да ја смени колата бидејќи беше ептен стара(12години) и извозена

Мој совет ти е да си отвориш сопствена фирма многу е полесно отколку за твои пари да го молиш сопственикот да ти исплати плата,материјални трошоци,поправки.....................
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom