Малце да се разбереме, дистинкција. 5G имаат сите и А1 и Телеком, базните имаат можност да им зрачат фрекфенции добиваме гигабитни брзини и се тоа е океј.
5G SA е промена во core-от на мрежата за да се користат сите останати бенефити од 5G мрежата освен високи брзини. Пример еден: моментално ако сте на 5G мрежа (без разлика која фрекфенција дали ниска или висока) ако добиете повик, телефонот во позадина менува на 4G (VoLTE). Ова на Самсунг телефоните може да го приметите во иконата горе, кога е во повик 5G иконката не е исполнета, значи дека е 5G ready ама не се користи. Со ова 5G SA има нова имплементација на VoLTE тоа е VoNR (Voice Over New Radio, New Radio е техничка кратенка само за 5G).
Кога ќе воведат SA 99% сигурен сум дека одма или многу брзо после тоа ќе добиеме и VoNR, и телефонот повеќе воопшто нема да користи 4G core мрежа. Тоа е разликата, базни, фрекфенции се останува, се менува позадински само протоколи како фунционира мрежата. За ова ќе мора сите абдејт на софтвер да направат, во опции и на iOS и на Android, кај тие што поддржуваат ќе се појави опција да се активира. Пред тоа Телеком мора да испрати нови carrier bundles до Apple, Google, Samsung. Претпоставка ми е дека најпрво ќе им биде во iOS Beta пуштено па после на сите.
И не мешајте со 5G+, тоа е само кратенка дека телефонот користи mid band (2 и 3.x GHz), а не 700 MHz. Постојат и 5G UW (ultra wide band) ама ова го нема во Европа, само во САД/Канада).