Summer job во Seavus?

Член од
25 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
2
Некој да каже мислење дали се исплати да потпишеш договор за работа на една година во Сивус? Прашањево се однесува за бесплатните обуки за Java и .NET за кои пред две недели имаше тестирање и всушност се бесплатни само ако потпишеш договор за работа ако ти го понудат, што во спротивно верувам дека не би им одговарало. Anyone?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872

Да
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
2
Се исплати затоа што ќе собереш искуство. А и штом обуките се без пари тогаш уште поубаво.
Дали навистина се стекнува искуство станува дискутабилно со оглед на претходните постови во темава.. што реално не ми дава баш некоја убава слика за Сивус како добра ИТ компанија за работа. Обуките не се баш без пари.. во случај да ги одбиеш ако ти понудат работа им ги враќаш парите.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Дали навистина се стекнува искуство станува дискутабилно со оглед на претходните постови во темава.. што реално не ми дава баш некоја убава слика за Сивус како добра ИТ компанија за работа. Обуките не се баш без пари.. во случај да ги одбиеш ако ти понудат работа им ги враќаш парите.
Според годините претпоставувам дека немаш никакво претходно искуство. Ако во друга подобра компанија ти понудат обуки и работа, тогаш не потпишувај договор со Сивус. :toe:
Има многу што почетното искуство го добиле од оваа компанија и сега работат во други компании со помал број на вработени.
 
bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Некој да каже мислење дали се исплати да потпишеш договор за работа на една година во Сивус? Прашањево се однесува за бесплатните обуки за Java и .NET за кои пред две недели имаше тестирање и всушност се бесплатни само ако потпишеш договор за работа ако ти го понудат, што во спротивно верувам дека не би им одговарало. Anyone?
Не ни кажа дали имаш други понуди ? Ако немаш ... take your chance :)
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
2
Во моментов немам други понуди и работно искуство, само пракса. Само ме интересираше дали се точни постовите во темава напишани во врска со Сивус бидејќи немам некоја позитивна слика за истата. И доколку потпишеш договор, која би била минималната плата која би ја земал почетник? Бидејќи реално доколку е толку напорна атмосферата во фирмата, можеби би било попаметно да си бараш пракса во помала фирма. Веќе половина од оние што добија "бесплатна" обука се откажаа, не знам колку би било паметно да прифатам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Дипломирана си? Ако си мислам дека не може ниедна компанија да те земе како практикант. :unsure:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Во моментов немам други понуди и работно искуство, само пракса. Само ме интересираше дали се точни постовите во темава напишани во врска со Сивус бидејќи немам некоја позитивна слика за истата. И доколку потпишеш договор, која би била минималната плата која би ја земал почетник? Бидејќи реално доколку е толку напорна атмосферата во фирмата, можеби би било попаметно да си бараш пракса во помала фирма. Веќе половина од оние што добија "бесплатна" обука се откажаа, не знам колку би било паметно да прифатам.
Вие сите што мислите дека со тазе факултет треба да пребирате работа, се имате заебано гадно. Ако имаш 2-3 години работно искуство, океј ти е размислувањето, но без работно искуство тешко да ќе те прими некој. Може за почеток нема да добиеш добра плата, може ќе имаш лошо искуство, но првите 2-3 години мора да ги научиш тие трикови за работа во фирма, а Сивус ти е измислена фирма за тоа.
Јас сум постар и кога бев почетник беше друга ситуацијата и платите беа други и додека бев почетник размислував така и не завршив во Сивус, но имав избор, но овие работи ги знам бидејќи многу луѓе без искуство се пофалија дека баш во Сивус го испекоа занаетот и тоа речиси неквалификувани (најголемиот дел се QA) со факултет од ИТ или друга област.
Пробај година дена или колку е договорот, додека ти заврши ќе го испечеш занаетот и потоа може да најдеш друга фирма, а и многу подобро ќе поминуваш на интервјуа, а со тоа и поголема плата, ама за сето тоа ти треба искуство, што моментално го немаш.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
2
Во последен семестар од студии сум и многу добро знам дека прво треба да имаш искуство за да можеш после да бираш каде да работиш. Единствено ме интересираше дали Сивус е добра фирма за да го стекнеш тоа искуство. Постојат фирми кои на почетниците не им даваат веднаш да чепкаат по проектите што ги работат..
 
bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Во моментов немам други понуди и работно искуство, само пракса. Само ме интересираше дали се точни постовите во темава напишани во врска со Сивус бидејќи немам некоја позитивна слика за истата. И доколку потпишеш договор, која би била минималната плата која би ја земал почетник? Бидејќи реално доколку е толку напорна атмосферата во фирмата, можеби би било попаметно да си бараш пракса во помала фирма. Веќе половина од оние што добија "бесплатна" обука се откажаа, не знам колку би било паметно да прифатам.
Во последен семестар од студии сум и многу добро знам дека прво треба да имаш искуство за да можеш после да бираш каде да работиш. Единствено ме интересираше дали Сивус е добра фирма за да го стекнеш тоа искуство. Постојат фирми кои на почетниците не им даваат веднаш да чепкаат по проектите што ги работат..
Самата треба да имаш мислење за некои работи, а тоа што го читаш по нет може да ти помогне да донесеш некоја одлука. Сега си на почеток, подоцна поинаку ќе гледаш на работите. Работата не е напорна, треба да се трудиш за да успееш и научиш нешто. Оваа шанса е предизик за тебе, зашто би одела на пракса во помала фирма !? Имаш шанса да одиш на бесплатна обука да научиш нешто што ќе остане за тебе, после тоа имаш "платена пракса" (ако се покажеш) ... вистинска пракса, не пазарување. На почеток каде и да си сигурно нема да чепкаш на проекти. Ако покажеш интерес може само побрзо да почнеш со работа на реален проект.
Ако сакаш може да споделиш со нас што си одлучила :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Јас ја прифатив .НЕТ обуката, почнуваме за 2 недели.
Па ќе видиме што и како ќе биде :)
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
2
Самата треба да имаш мислење за некои работи, а тоа што го читаш по нет може да ти помогне да донесеш некоја одлука. Сега си на почеток, подоцна поинаку ќе гледаш на работите. Работата не е напорна, треба да се трудиш за да успееш и научиш нешто. Оваа шанса е предизик за тебе, зашто би одела на пракса во помала фирма !? Имаш шанса да одиш на бесплатна обука да научиш нешто што ќе остане за тебе, после тоа имаш "платена пракса" (ако се покажеш) ... вистинска пракса, не пазарување. На почеток каде и да си сигурно нема да чепкаш на проекти. Ако покажеш интерес може само побрзо да почнеш со работа на реален проект.
Ако сакаш може да споделиш со нас што си одлучила :)
Освен постовите немав никаква претстава за фирмата. Затоа мислам дека најдобро може да каже некој кој работел таму. Нормално, секој има различно искуство без разлика за која фирма се работи. Го земам и тоа во предвид. Претходните пракси на кои сум била биле во помали фирми и може многу да се научи. Сепак одлучив да одам на обуката од таа причина, како што кажа, сепак е предизвик :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom