Студентско радио

Член од
12 јуни 2005
Мислења
3
Поени од реакции
2
Дали на студентите им и е потребно студентско радио? Како би требало да изгледа програмата на радиото, кои теми да ги покрива, дали да се посвети само на проблемите на студентите или да опфати повеќе аспекти на нашето живеење, каква музика да претпочита? Дали слушате некое од студентските радија на интернет и колку ви се допаѓаат?
 
Какво радио бе човече, студентите немаат вода по домовите и други основни работи
 
Живна студентското радио, ама не за сите!

Радиото „Студент ФМ“ при универзитетот Кирил и Методиј по двегодишен прекин, повторно започна со работа. Студиото и радио - опремата во вредност од десет илјади евра, заедно со заостанатиот долг од 50 илјади евра, ги покри Министерството за образование и Ректоратот. Експерименталната програма која ќе заживее на старата фреквенција - 92.9, ќе ја работат студенти по новинарство на правниот факултет, а ќе опфаќа теми од студентското секојдневие. Сепак, редакцијата нема да соработува со студентите од приватните факултети и универзитети, туку само со оние кои студираат на државниот.

-Ова е несомнено добра пракса за младите кои студираат новинарство, каде без никаков притисок, ќе им се укаже прилика да го искажат своето мислење, да актуелизираат теми што ги засегаат, а и да бидат наградени со хонорар. Досега подготвивме 15 емисии и очекуваме студентите од државниот универзитет да соработуваат за да заедно ја збогатиме програмата за да се крене гласот на младите, изјави Ивана Михајловска, апсолвент на студиите по новинарство и дел од редакцијата.

Во Студент ФМ покрај дваесетте студенти, ќе работат уредници за утринска, дневна и за ноќна програма, и неколку техничари. Тие го изразуваат своето задоволство што една година го кревале на нозе ова гласило од студентите за студентите и што конечно проектот стартува.

-Програма ќе има од 9 часот наутро, до доцна навечер и тоа ќе бидат теми што ги засегаат студентите – студиски програми, стипендии, забавни и спортски активности, информации за работата на УКИМ, дебатни, образовни и културни емисии и многу музика. Ќе има и вести за студентската политика, како избори на студентски претседатели и тековни работи изјави Даниела Блажевска, главен и одговорен уредник на радиото и асистент на државниот факултет.

Ова не е единственото студентско радио во земјава, но главен проблем за опстанокот на сите нив, претставуваат финансиите. Поради ова експертите стравуваат од политички манипулации и претворање на радијата во владини маркетинг гласила.

- Ситуацијата е иста на целиот Балкан. Медиумите во кои се обраќаат студентите често престануваат со работа заради немање спонзорства. Затоа младите бараат начин да го изразат својот револт и став преку интернетот и новите медиуми. Сепак, возобнувањето на „Студент ФМ“ е за поздрав и се надевам дека ќе допринесе за решавање на горливите студентски конфликти, објаснува Сеад Џигал, комуниколог и експерт за медиуми.

Во 2008 година програмата на „Студент ФМ“ згасна во етерот заради долгови. Оттогаш студентите повеќе пати протестираа со образложение дека им е скратено правото на слобода на говорот.


Мирослава Симоновска
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom