Cappie
Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
- Член од
- 29 мај 2008
- Мислења
- 1.914
- Поени од реакции
- 307
Не знам колку од вас слушнале за оваа организација, ама се работи за првата интернационална студентска невладина организација основана во Република Македонија.
АЕГЕЕ – Скопје
(Европски студентски форум)
AЕГЕЕ – Скопје е локална антена на разгранетата европска мрежа АЕГЕЕ, формирана во 1993 година.
АЕГЕЕ е кратенка за Асоцијација на европски студентски структури или Европски студентски форум.
Канцеларијата на организацијата се наоѓа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет Свети Кирил и Методиј – Скопје.
АЕГЕЕ – Скопје беше прогласена за една од десетте антени кои се водечката сила на АЕГЕЕ – Европа во периодот 1995 – 1999. АЕГЕЕ – Скопје издаваше (секој втор месец) списанието Европа – Без граници, без лимити. Списанието е прогласено за најдобра студентска публикација во мрежата на АЕГЕЕ (1994 и 2000/2001). Во тековната година АЕГЕЕ – Скопје работеше на неколку амбициозни проекти во чие јадро се наоѓа најблагородната идеја за човечко разбирање, позитивни и транспарентни мисли, љубов и толеранција. Покрај екстремно амбициозниот, ентузијастички пристап, мотивација и добра волја на нажите членови – студенти, идна движечка сила на Македонија и Европа, мора да се нагласи друг важен сегмент, а тоа е позитивен став кон медиумите и потенцијалните спонзори и пријателина европските идеи за похуман свет и подобар живот за сите.Градејќо мостови со нив значи градење патишта за подбра мисла, свет, појасно светло и подобар свет за сите. АЕГЕЕ се движи кон светот со следново мото:
“Some call it Europe, we call it home”
Со повеќе од 250 локали низ цела Европа, AEGEE претставува една од најголемите студентски мрежи. Настаните кои се случуваат во текот на целата година низ цела Европа, преку кои се остваруваат размени на студенти од различни држави, а воедно се обработуваат теми од најразлични области се она по што АEGEE e препознатливо.
За повеќе информации, посетете ја веб-страната на AEGEE-Skopje.
Се надевам дека темава ќе побуди интерес кај студентите, затоа што основна цел на АEGEE-Skopje е да го подигне нивото на активност на македонските студенти на европско ниво, со цел да се разменат различни искуства и да се научи нешто повеќе.
Исто така, оние кои што веќе се членови и кои го искусиле духот на АЕГЕЕ, можат да ги споделат своите искуства, како дополнително би се заинтересирале останатите студенти.