Студентка убиена пред веб камера

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.549
Поени од реакции
5.855
Локација
Haunted Hayride
Веб-сајт
misterijamk.blogspot.com
Студентката од Пекинг Лиу Чиан била убиена во стан во Торонто додека преку веб камера разговарала со пријател од Кина.

Лиу (23) доцна вечерта во петокот разговарала со пријателот преку Интернет, кога некој затропал на вратата и побарал да се послужи со нејзиниот мобилен телефон.

Пријателот со кој разговарала видел како момче од околу 20 години почнал да се бори со Луи, за потоа да ја исклучи веб камерата. Неколку часови подоцна полицијата го пронашла нејзиното тело. Била сосема гола од половина надоле.

Пријателот на студентката објавил на форум дека се сомнева дека убиецот ја прогонувал Лиу и дека некогаш живеел со неа. Исто така наведе дека таа за време на убиството разговарала со своето момче со кое била во врска седум години.

Полицијата засега не е сигурна дали Лиу го познавала напаѓачот, а резултатите од аутопсијата се очекуваат во текот на неделава.
 
И шо требаше да биде интересно/необично во ова не сфатив... Секој ден се случуваат убиства насекаде низ светот.
 
Имаше и лајв стрим на еден тип коа се самоуби, па цајканите каснеа пола саат онака - не е прво само/убиство онлајн.
 
И шо требаше да биде интересно/необично во ова не сфатив... Секој ден се случуваат убиства насекаде низ светот.
Убила вас апатија.

Необично? Психолошки развој под нивото на нормалноста. Плус да гледаш како ти ја убиваат пријателката на камера, не мислам дека е најубавото искуство во светот.

Воајерите нека си укуцаат на Гугл `killed in front of the camera`. Објавување на видеото овде, гарант ќе биде санкционирано од модератор.
 
Back
На врв Bottom