T
Tetro
Гостин
Студентите на дел од факултетите тврдат дека се принудени да членуваат во Студентскиот парламент и да плаќаат по 200 денари за да ја запишат новата студентска година.
На интернет страниците на Филозофскиот и Економскиот факултет во потребните документи за запишување на студенти на прв циклус на студии јасно стои дека за да се запишат новите студенти, ќе мора да платат по 200 денари на сметка на СПУКМ, и покрај тоа што студентскиот правобранител веќе утврди дека студентите не мора да ја плаќаат оваа членарина ако не сакаат.
Активисти на независното студентското движење „Слободен Индекс“ за Макфакс велат дека ги потврдиле своите сомневања за барањата на Факултетите да станат членови на СПУКМ откако на „студентски прашања“ на Филозофскиот факултет во Скопје им кажале дека овие 200 денари мора да се платат за упис на новата година. И покрај нивната реакција дека студентите не мора да ги платат овие средства ги препратиле да се информираат кај Продеканот.
Продеканот на Филозофскиот Факултет, Доц. Д-р. Никола Жежов вели дека факултетите не можат да решат дали да ја укинат оваа такса бидејќи тие не се правен субјект и само ги спроведуваат одлуките на Ректоратот. Макфакс контактираше и со Никола Главинче, Студентскиот правобранител кој вели дека постојат информации дека на некои факултети се уште се наплаќа ова членство, но дека во никој случај тоа не смее да биде обврзувачко.
„До лани беше обврзувачки, но потоа беше укинато и сега студентите не мораат да ја плаќаат оваа такса доколу не сакаат. Одговорно тврдам дека не постои никаква одлука на Ректоратот за задолжително плаќање на таксата,“ рече Студентскиот правобранител за Макфакс.
Иван Живковски, претседателот на СПУКМ, не е достапен за коментар.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров на денешниот брифинг со новинарите рече дека се согласува оти студентите не треба да бидат принудени да станат членови на одреден Студентски Сојуз или Студентски Парламент, без притоа да бидат претходно прашани дали сакаат да членуваат во него, и дека ќе го провери ценовникот на факултетите на терен.
„Секој универзитет има ценовник и треба да провериме дали тие средства кои ги наплаќаат се во рамките на ценовникот кој е одобрен или отстапуваат од него, а доколку отстапуваат ќе реагираме веднаш,“ рече Тодоров и додаде дека уште во текот на утрешниот ден ќе биде испратена инспекција на факултетите за да се утврди ситуацијата.
Студентскиот правобранител на трибина организирана од СПУКМ во февруари 2009 година кажа дека студентите не мора да ја плаќаат членарината од 200 денари за СПУКМ и не мора да бидат нивни членови ако не сакаат.
Во целата оваа работа каде институциите си ја префрлаат топката од едни на други единствени кои губат се студентите, кои покрај другите трошоци за студирање на одредени факултети не се информирани дека не мораат да плаќаат за членство во одреден студентски сојуз. Сега останува да се види дали Министерството за образование и наука ќе го одржи своето ветување и ќе испрати инспекција за да утврди дали постоело незаконско наплаќање за членство во СПУКМ.
http://www.makfax.com.mk/116048
============================================
Дали знаеме за што плаќаме и кај одат парите?