asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
Раскол во Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата – не можат да изберат лауреат
Жестока расправија околу годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата. Управниот одбор зад затворени врати речиси цел ден расправа кој е годинешниот носител на оваа светска манифестација. Во игра биле 8 поети, но во потесниот избор влегле двајца. Неофицијално се работи за албански поети, а се шпекулира со имињата на Дритер Аполи и Фато Арапи. Иако претседателот на Управниот одбор вели дека разговарале за технички проблеми на манифестацијата, не одрекува дека и политиката имала влијание врз работата на одборот.
Неофицијално најжестоката точка за која се кршеле копјата била двојазичноста и менувањето на статутот на Струшките вечери на поезијата. Оваа година ќе се работи по стариот статут, но се правел притисок тој да биде сменет, а догодина манифестацијата да стане двојазична. Друштвото на писатели, академиците, писателите постојано апелираат дека двојазичноста е недозволена на една манифестација од светски ранг каде се зборува на сите јазици. Тоа би било пораз за Струшките вечери коментираат писателите