Струја од цвеќе и бактерии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Холандски научници дојдоа на идеја од земјата во која расте цвеќе и овошје или зеленчук да произведат струја, со цел со неа да може да биде и осветлена. Можеби звучи неверојатно, но остварувањето на идејата е можно.
На покривот на еден истражувачки институт на Универзитетот во Вагенинген во Холандија, во тек е необичен експеримент. Во две квадратни кади се сместени по 12 пластични канти со вода и кал во кои научниците негуваат разновидни растенија.

„Меѓутоа, растенијата не се во главна улога", вели Давид Сирк. Тој не е биолог, туку биохемичар, а за што се работи, ни откриваат жиците кои излегуваат од кантите: „Тука имаме растенија и бактерии кои работат заедно. Принципот е едноставен: растенијата со фотосинтеза произведуваат јаглерод и околу 40 насто од таа органска материја ја транспортираат во почвата каде што живее мноштво микроорганизми - бактерии и мувла. А што направивме ние -ние во почвата сместивме т.н. билошка батерија. Тоа се две електроди, во кои растат бактерии што можат да произведуваат електрицитет."

Батерија што се полни со електрицитет од бактерии

Овој научник се користи со сознанието, кое е старо скоро 50 години. Имено, сите живи суштества при варењето - поточно со согорувањето на гликозата - произведуваат слаба струја. Повеќето живи суштества таа слаба струја ја користат за управување со процесите во сопственото тело. Меѓутоа, бактериите се ослободуваат од тој електрицитет, кој во најголем дел оди во воздух и се спојува со кислородот. Но, во анаеробното опкружување, значи кога нема кислород, бактериите бараат други материи со цел да се ослободат од излишниот електрицитет. Тоа пред неколку години го открија германски научници во Грајсвалд и ја открија микробската батерија, скратено ЕФЦ.

Бактериите во таквата батерија живеат во специјален хранлив супстрат во кој се уфрлени две електроди. Вишокот електрицитет што бактериите го произведуваат оди директно во негативниот пол - во анодата. Струјата тече. Но, за оваа батерија како и за секоја друга важи - од неа може да истекува само онолку енергија, колку што во неа влегла. Тоа значи - за континуиран тек на струјата потребно е континуирано да се хранат бактериите.

Производството на струја варира

Тоа е задача на растенијата во пластичните канти на покривот на универзитетот. Тие раснат во супстрат и непрестано создаваат гликоза, вели Давид Сирк:

„Тоа е всушност природна соларна ќелија. Растенијата ја апсорбираат сончевата енергија и им ја даваат на бактериите, а бактериите произведуваат електрицитет. Овој процес се одвива и дење и ноќе. Единствено минатата зима настана проблем кога растенијата се смрзнаа. Но, штом веќе се стопли, процесот продолжи."

Во зависност од периодот на денот, надворешната температура и видовите растенија, се произведуваат различни количества струја. На квадратен метар сега се произведуваат 0,2 вати, а во наредните години тоа би можело да биде три вати - на иста површина. Но, што може со тоа да се направи?

„На повеќето мобилни телефони им се потребни токму тие три вати да се наполнат", вели Давид Сирк, кој патентот за овој изум го презел од Универзитетот во Вагенинген и кој со него планира да се појави на пазарот, преку својата фирма Плант-Е.
 
Се убаво и фино..ама зошто е во ЧДА темава?
 
Ај канта една.
не ми се чита горе, пошто нели, многу сум учен и знам дека секое живо и неживо тело содржи енергија која може да се искористи.
  • Ама и почвата има енергија, брцни две сонди, едната на 4*С, другата на 24*С и ќе добиеш струја.
  • Ама и расипаното млеко има енергија, прочитај на конзервата, делот со kJ
  • Мистерија е трансформирањето на енергијата од еден во друг вид. :) НЕ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom