"Стотројка" слави 20 години постоење

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Под мотото "20 години слободни", музичкото радио "Канал 103" со голем број настани ќе го прослави својот јубилеен, дваесетти роденден. Во вторник, на кејот на Вардар, каде што симболично ќе биде прогласена 103 - слободна зона, ќе настапат "Бернајс пропаганда", "Харт строук" и "Ха-Ха-Ха". На 7 мај, во Старата чаршија, диџеите од 'Канал 103' ќе ги заземат локалите "Менадав", "Ла Кања" и "Дамар".
Главниот настан ќе се одржи во Младинскиот културен центар, на 14 мај, со настап на групите: "Мизар", "Т.Б. трачери", "Беи д' фиш", "Стринг форсис", "Легијата", "Д' Џон" и "Вселенските бунтовници", "Милко", "Картер", "Роботек", "Дисфилхармонија", "Девојка", "Фонија и Канон", најавуваат од радиото.
Ќе се одржат неколку тематски радиовикенди, во кои ќе учествуваат повеќе генерации стотројкаши, каде што покрај музичкиот избор, програмата ќе понуди и пресек на 20-годишната работа на "Стотројка", како и дискусии за перспективите на радиото.
"Канал 103" беше формиран на 1 мај 1991 година, од тогашните уредници во Македонската радио-телевизија Зоран Иванов и Слободан Чашуле, а негови први музички соработници беа Игор Иванов, Александар Блажевски, Игор Чешмеџиски и Вања Трајковски. Надвор од државните регулативи и концесии, физички сместен во МРТ, "Канал 103" прерасна во културно движење на јавен медиум, чија концепција е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и слободна мисла.

Превземено од вест.

п.с. Атендинг обавезително.
 
Единственото радио што пушта музика :)
Среќен роденден :smir:
 
Нека им е среќен роденденот

Не е темава за среќен роденден и слика со торта ;)

Поддршка можеш да дадеш со присуство на настанот и бендовите кои ќе се појават на истиот тој настан.
 
Баш сеа се потрефи и 600-та емисија на Розе Кадилак. Имаше журка, по тој повод у Менада. Касно дојдов али и покрај тоа беше весело...
афричка музика
 
Ејј, браво. Мило ми е што има стотројкаши на форумов. Поздрав :D

103-ка...единствено радио вредно за почит.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom