Стипендии за средно (3 и 4 година) во странство!

Член од
14 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
0
Дечки,

еве најдов една информација за посебна можност за сите средношколци кои сакаат да учат две години (3 и 4 година) во странство на англиски јазик. Се работи за програмата меѓународна матура International baccalaureate. Можност за пријавување е до 20. февруари 2011.

Најдете ја за инфо на фејсбук: fb grupata UWC Macedonia

и

отворете го сајтот: http://www.sok.mk/

Поздрав до сите,

информатор

--- надополнето ---

Најдов за ова и конкретни информации...поздрав информатор:) подолу се информациите.


Дали сте ученик/чка со следниве критериуми:
• наполнети 16 години во моментот на поднесување на
документите за пријавување?
• просечен успех во средното училиште повисок од 4.50?
• живееле на територијата на Р. Македонија барем 5 години?
• работливи, упорни, мотивирани, амбициозни?
• имате потенцијал да го зајакнете вашиот дух со извонредно
искуство во странство?
• морални, искрени, и со висок интегритет кон мир и слога меѓу
народите?
• имате умствена страст и способност да ја претставите
Република Македонија на светското тло?
Доколку ДА, ги известуваме заинтересираните кандидати, кои ги исполнуваат
горенаведените критериуми, дека Македонскиот национален комитет (www.sok.mk) објавува
конкурс за 3 (три) стипендии за Светските Обединети Колеџи (за во UWC Adriatic- Италија,
UWC Hong Kong - Хонг Конг (Кина), и UWC Mostar - Босна и Херцеговина).
Светските Обединети Колеџи (http://uwc.org/) се единствената меѓународна
организација, којашто образува ученици од речиси сите земји на светот, внимателно избрани
преку нивните Национални комитети. Основни начела при избор на кандидатите се пред сè
нивниот академски успех, личен потенцијал и персоналните вредности. На тој начин се
разгледува целокупниот кредибилитет на ученикот и неговата амбиција за лична надградба и
секако применување на стекнати знаења и достигнувања во идното современо светско
глобално општество. Избраните кандидати потекнуваат од сите делови на земјината топка без
разлика на нивната расна или верска припадност и финансиска состојба. Овие ученици живеат
и учат заедно 2 години во еден од 13-те колеџи стационирани низ целиот свет. Учениците ја
следат најпрестижната подготвителна програма за понатамошни додипломски студии, т.н.
Меѓународната Матура, или во светот попозната како International Baccalaureate (IB)
(www.ibo.org). Светските Обединети Колеџи овозможуваат образование што ги обединува
луѓето, нациите и културите, сè со цел за остварување на мир, соживот и одржлив развој на
целокупната светска популација.
Процесот на пријавување на учениците се состои од 3 фази:
1. Прва фаза:
• Пополнување и доставување на апликација (дел од апликацијата се и 2 состави на
зададени теми, еден на македонски и еден на англиски јазик)
2. Втората фаза се состои од разговор меѓу учениците и одреден број членови на Комитетот.
3. Во третата фаза се повикуваат родителите/старателите на избраните ученици. Откако ќе се
изврши детален разговор околу финансискиот, образовниот и социјалниот аспект на
стипендијата, локациите на колеџите и секако околу основната идеја, целта и мотото на
Светските Обединети Колеџи, се потпишува договор.
Рокот за пријавување е до 20 февруари 2011 година.
Сите заинтересирани можат да ги најдат апликацијата и другите подетални информации на
веб – страницата на Македонскиот национален комитет www.sok.mk
Ваш,
Македонски национален комитет на COK (Е-пошта: info.sok.uwc@gmail.com)
 
И после имаш повеке можности за факс?


Се разбира. Оваа диплома е призната како на нашите така и на странските факултети. Не за џабе се вика Меѓународен бакалореат. Тој има многу добра репутација на американските, но и европските факултети и секоја земја си има изготвено скали за изедначување на ИБ-системот со соодветниот систем на земјата...
Прочитај ги правилата и отвори го линкот што го пратив погоре...
поздрав

--- надополнето ---

Kaко да аплицирам? :)

Апликацијата ќе ја добиеш на емаил-адресата: info.sok.uwc@gmail.com
Напиши брзо на таа адреса и ќе добиеш апликација,
за правилата отвори ја страната www.sok.mk

--- надополнето ---

Kaко да аплицирам? :)

Апликацијата ќе ја добиеш на емаил-адресата: info.sok.uwc@gmail.com
Напиши брзо на таа адреса и ќе добиеш апликација,
за правилата отвори ја страната www.sok.mk

--- надополнето ---

за се друго можете пак да ме прашате. јас ќе ви одговорам со задоволство...

Чао

информатор...

--- надополнето ---

за се друго можете пак да ме прашате. јас ќе ви одговорам со задоволство...

Чао

информатор...
 
• морални, искрени, и со висок интегритет кон мир и слога меѓу народите?
Овде сите паѓаат, гарантирано. :D
 
Дур сега гледам мора да имаш 16 за да се пријавеш.Просек имам,години не .Ова д година е важе,или?

Најдобро напиши на следната адреса:
info.sok.uwc@gmail.com

--- надополнето ---

Информатор напиша:
Најдобро напиши на следната адреса:
info.sok.uwc@gmail.com

и прашај!!!
тие ќе ти кажат сигурно!

--- надополнето ---

• морални, искрени, и со висок интегритет кон мир и слога меѓу народите?
Овде сите паѓаат, гарантирано. :D

За тоа не знам:) Пријави се. Можеби ќе упали!
 
а ова нели е од тој тип што требаше да се оди на натпревари по англиски јазик..па ако поминеш те праќаат 1 година во Америка да учиш..2-3 другарки мои така ќе одат...
 
а ова нели е од тој тип што требаше да се оди на натпревари по англиски јазик..па ако поминеш те праќаат 1 година во Америка да учиш..2-3 другарки мои така ќе одат...

Не мешај:) Ова не се натпревари по англиски, туку можност за завршување на средното образование во друга земја во меѓународни околности... Сигурен сум дека не е како тоа што викаш:)
Прочитај погоре и види на сајтот. Ако имаш други прашања тука сум:)
 
се убаво..али неам одличен успех...4.20,30 тука некаде сум..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom