Стари македонски имиња

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој би можел да каже од каде и кога потекнуваат презимињата Србинов/Србино(в)ски/Србаков? Од бугарски извор прочитав дека во прилепско еден го именувале така бидејќи се однесувал како Србин и тоа му било како на подбив, но освен тоа немам ништо друго прочитано поврзано со презимето или пак личното име Србин. Секое појаснување е добредојдено.
 
Еве некои од книгата Историјата на Македонскиот народ од турски документи,Охридски санџак 1583год .
Од селата Клење,Нерези,Пискупштина,Безово,Џепиште,Луково,
Модрич,Требиште,Тучепи и Гиновец.

Јофко,Пројчин,Тихо,Јандро,Нене,Којчин,Волчко,Продан,Мило,Мрзан,Бежан,Бојко,Ачко,Бојчин,Грдан,Мечо,
Јорго,Стајо,Ѓорче,Кеко,Волкашин,Рајчин,Кондо,Панзо

:icon_lol: Мора да се вратиме на овие имиња. Со давање имиња на римкски импертори нема далеку да стасаме.
 
Samoedno prashanje dali imeto Гаџо e makedonsko ili vlashko ime
Автоматски споено мислење:

:icon_lol: Мора да се вратиме на овие имиња. Со давање имиња на римкски импертори нема далеку да стасаме.
A dali vi e poznato imeto gadjo i od kade poteknuva ova ime,?
 
Последно уредено:
Здраво
Ме интересира потеклото на имињата од моето семејство. Прабаби Маригона, Невена, Ленка, Севда. Прадедовци Пене, Владо и Јовка. Како и Лоза, Галба, Алтна.
 
Здраво
Ме интересира потеклото на имињата од моето семејство. Прабаби Маригона, Невена, Ленка, Севда. Прадедовци Пене, Владо и Јовка. Како и Лоза, Галба, Алтна.
Маригона - албанско име, ari - злато или од Марија? Дали е можно да постои некаква католичка нишка во овој дел од семејството? "Мариго Посио е една од најпознатите Албанки, фигура во Албанската национална преродба и движењето за независност на Албанија, како и промотор на општествениот статус на Албанките. Таа е најпозната по шиењето (везењето) на знамето подигнато од Исмаил Кемал за време на прогласувањето на Декларацијата од Валона на 28 ноември 1912 година."
Невена - од цветот на невен
Ленка - деминутив од Елена
Севда - турско име, (невозвратена) љубов, љубовна мака, страст
Пене - деминутив од Петко/Пењо
Владо - деминутив од Владимир и др.
Јовка - од Јован
Лоза - очигледно е
Галба - архаичен збор - галење, нежност
Алтна - Алтана? турко-монголски произход, од злато: https://nameberry.com/b/girl-baby-name-altana

Има многу злато и љубов во твоето семејство :)
 
Ти благодарам многу. Навистина преубаво значење имаат имињата.
 
Back
На врв Bottom